Ивана Кораб, една од најубавите Србинки - првото дете го доби со ин витро, од трет обид, а се обидува и за второ

Ивана Кораб синот го добила од трет обид со ин витро, но сака да го зголеми потомството, а за сите свои одлуки говори отворено за да ги охрабри и другите жени кои минуваат низ ваков тежок процес.

ivana-korab-edna-od-najubavite-srbinki-prvoto-dete-go-dobila-so-in-vitro-od-tret-obid-a-saka-ushte-potomstvo-01.jpg

Ивана Кораб е една од најубавите Србинки, која целиот свој живот тренира и води грижа за изгледот, а која отворено говори за борбата за потомство веќе години наназад.

За својот изглед таа открива дека во текот на животот играла тенис, одела на пливање, атлетика, одбојка, а сега физичките тренинзи ѝ се во сала.

Таа вели дека прави комбинирани тренинзи и секогаш вежба само со својата тежина, не крева тегови.

ivana-korab-edna-od-najubavite-srbinki-prvoto-dete-go-dobila-so-in-vitro-od-tret-obid-a-saka-ushte-potomstvo-08.jpg

Ивана во јуни 2022 година отворено изјави во српските медиуми дека ќе се подложи на вонтелесно оплодување по 4-ти пат.

Таа веќе има еден син, кој го добила со ин витро постапка, а сега сака по вторпат да се реализира во улогата на мајка. Синот Матео во февруари годинава го прослави својот прв роденден.

ivana-korab-edna-od-najubavite-srbinki-prvoto-dete-go-dobila-so-in-vitro-od-tret-obid-a-saka-ushte-potomstvo-111.jpg

Синот го добила од трет обид со ин витро, но сака да го зголеми потомството, а за сите свои одлуки говори отворено за да ги охрабри и другите жени кои минуваат низ ваков тежок процес.

Таа вели дека имала 10 анестезии за само две ипол години и тоа имало лоши страни, но верува дека кога и второто бебе ќе дојде на свет, сите маки ќе бидат заборавени како со првото.

ivana-korab-edna-od-najubavite-srbinki-prvoto-dete-go-dobila-so-in-vitro-od-tret-obid-a-saka-ushte-potomstvo-03.jpg

Ивана веќе има еден брак зад себе, а вели дека веќе неколку години е во среќен брак, но вториот сопруг го крие од очите на јавноста.

ivana-korab-edna-od-najubavite-srbinki-prvoto-dete-go-dobila-so-in-vitro-od-tret-obid-a-saka-ushte-potomstvo-07.jpg

Досега таа нема објавено резултати и исход од постапката, но дефинитивно е за пофалба што јавно говори за борбата за потомство низ која минува и со тоа охрабрува многу жени дека не се сами.

Повеќе фотографии од неа и синот Матео:

Повеќе фотографии на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Ивана Шпановиќ го врати моминското презиме и откри дека се разведува: „Приоритетите ни се променија“ „И двајцата влеговме во брак со истите желби и потреби, што се променија во разл...
Познати личности од Србија кои отворено зборуваат за проблемите со дрога и алкохол „Седев на гробишта и пиев ракија“ - изјави Весна Змијанац во една пригода. Кои п...
Партнерката на Милош Биковиќ објави фотка како го дои синот, актерот се жали дека деновиве сѐ се све... „Засега сѐ се сведува на плач. Плаче бебето, но плачам и јас“ – изјави Милош Бик...
Тажни детали од животот на Мишо Ковач: По трагичната смрт на синот, му се распадна бракот Три пати се женел, а смртта на неговиот син е трагедијата која го обележала него...
Ја „фатија“ во афера со фудбалер, па сега „ја омажија“ - Сите гласини за љубовниот живот на Ивана Ни... Минатага година се најде среде скандал кога сите српски таблоиди пишуваа дека ко...
Првата жена пилот во Turkish Airlines: „Мајка ми ми велеше дека ова не е женска професија“ „Бев многу мала кога ѝ кажав на мајка ми дека сакам да бидам пилот, а таа ми одг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg