Милан Калиниќ критикуван откако изјави: „Син ми на 10 години гледа порно филмови, му велам дека тоа е нормално“
- Детали
- четврток, 22 септември 2022
„Неговото дете ќе се срами, затоа што работите за кои му се доверило тој ги раскажа на телевизија“ – српскиот водител Милан Калиниќ е мета на критики откако јавно во гостување во емисија откри дека неговиот син на 10 години почнал да гледа порно филмови.
Српскиот актер и водител Милан Калиниќ гостуваше во емисијата на Гоца Тржан на телевизија K1, а јавноста што го гледаше неговото гостување остана во шок откако забележа дека тој прилично се опушти и почна да говори за некои интимни детали од односот со неговиот син.
Калиниќ ретко говори за сопствениот приватен живот, но овојпат откри повеќе детали од разговорите со синот Вук, а мислењата кај јавноста за неговите изјави се поделени.
„Пред една година, кога Вук имаше 10 години, се враќаме од тренинг, тој седнува зад мене и ми вели:
’Тато, јас и Душан гледавме порно филмови’.
Јас му велам: ‘Добро Вујо’, а тој продолжува: ‘Знаеш ти што прават таму’, јас велам: ‘Па знам Вујо, одлично’.
А, тој ми одговора: ‘Ама тато, мене тоа многу ми се допадна’, на што јас му велам: ‘Па, Вујо, тоа е нормално, секој маж сака да гледа порно филмови.’
По неколку дена тој доаѓа и ми вели: ‘Тато, јас со душа чекам да почнам да е**м’“ – раскажа Калиниќ, на што сите се насмеаја во студиото.
Сепак, оваа негова изјава, не наиде на премногу позитивни коментари на социјалните мрежи.
Додека едни коментираат дека сексот не треба да биде табу тема и дека родителите треба слободно да разговараат со децата на сите теми, други, пак, упатија остри критики за тоа што Калиниќ јавно ги споделува тајните што неговиот син му ги доверил.
„Ова воопшто не е смешно“, „Со што се фали овој човек, страшно“, „Дегутантно. Дали за тоа треба да зборува на телевизија“, „Ужас, прво детето ќе се срами затоа што тоа на таткото му се доверило, а тој сѐ раскажа на телевизија, второ не е ниту смешно, ниту пак е за пофалба“, „Дали би реагирал така, ќерка му да дојдеше со таква изјава“ – стои во дел од коментарите.
Погледнете го видеото и проценете сами дали оваа приказна требало воопшто да биде раскажана во јавност:
Инаку, Милан Калиниќ е во брак со атрактивната Сандра со која има две деца, Теа (14) и Вук (11).
Прочитајте и Дипломирал за пилот, не верува во гласините за неверства на сопругата - Факти за Милан Калиниќ
Б. С. Б. | Црнобело