Први фотки и видеа од свадбата на братот на Новак Ѓоковиќ - невестата си го донесе и папагалот
- Детали
- понеделник, 12 септември 2022
Синот на Новак, малиот Стефан Ѓоковиќ, успеа да ги засени и младенците, а невестата на венчавката во црква го донесе и своето милениче - папагал. Погледнете ги првите фотографии и видеа од свадбата на најмалиот брат на Новак Ѓоковиќ, Ѓорѓе Ѓоковиќ...
фото: принтскрин - YouTube
Се ожени најмалиот брат на најпознатиот светски тенисер Новак Ѓоковиќ. Ѓорѓе Ѓоковиќ денес (12.09) го кажа судбоносното „Да“ со својата избраничка, водителката и модна дизајнерка Сашка Веселинов. Церемонијата се одржа во црквата Свети Марко во Белград, а српските медиуми пренесуваат повеќе фотографии и видеа од свадбата.
На свадбата беше присутно целото семејство Ѓоковиќ, а Новак даде кратка изјава за медиумите, па рече:
„Денес сум мошне горд заради својот брат. Што се однесува до брачните совети, сè ќе открие сам.“
Невестата пак, носеше раскошна венчаница, а од нејзина страна присуствуваа членовите на нејзиното семејство, но ѝ нејзиниот папагал, што го бакна пред да влезе во црква.
Српските медиуми пак, пишуваат дека за време на големата семејна прослава синот на Новак, Стефан успеал да го украде вниманието, така што им правел уши со прстите на децата пред него при позирањето.
За да ја погледнете фотографијата, кликнете на стрелката во Инстаграм објавата:
https://www.instagram.com/p/CiZ5m_5sQ8j/?utm_source=ig_web_copy_link
За потсетување, Сашка и Ѓорѓе годинава во август прославија една година врска, а набрзо потоа се верија. Ѓорѓе ја запроси Сашка на Калемегдан, односно таму каде што почнала нивната љубов.
По црковната венчавка ќе следува склопување граѓански брак и свадбена веселба што најверојатно ќе се оддржи во Црна Гора.
Погледнете ги првите фотографии и видеа од свадбата:
Б. С. Б. | Црнобело