Српскиот актерски пар од „Тома“ направи бајковита роденденска забава за синот со сафари тема – замок за скокање, маскоти (фото+видео)
- Детали
- вторник, 16 август 2022
Српскиот актерски пар Тамара Драгичевиќ и Петар Бенчина кои играа во филмот „Тома“ неодамна се вратија од летниот одмор, а во Белград направија роденденска забава за синот Лазар. Торта од слама, замок за скокање, маскоти... Како изгледаше бајковитиот роденден со сафари тема?
Тамара и Петар неодамна беа на одмор во Италија, од каде споделија магично видео во кое може да се види дека освен што уживале на плажа, децата имале можност да посетат и зоолошка градина, како и да се запознаат со локалното население.
Инспирирани од тоа, за третиот роденден на нивниот син Лазар, Тамара и Петар одлучија да направат тематска сафари забава, каде имаше жирафа, лав, индијански шатори, торта од слама, лулашки и секако голем број весели и насмеани дечиња...
Тамара за оваа прилика избра сатенски фустан со миди должина, кој го надополни со сандали и впечатлив накит.
Инаку, Тамара која во филмот „Тома“ ја толкуваше улогата на Силвана Арменулиќ, а Петар ја толкуваше улогата на докторот, се во брак од 2015-та година, а во 2016-та ја добија ќерката Сташа. Три години подоцна, во 2019-та го добија и синот Лазар.
Прочитајте и Двајцата глумеа во филмот „Тома“ и се еден од најубавите српски парови - факти за Тамара Драгичевиќ и Петар Бенчина
Погледнете повеќе фотографии и видео во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело