Српскиот актер од „Беса“, Милош Тимотијевиќ, ослабе 14kg и драстично се трансформираше: „Ајде сега на ќебапи“
- Детали
- четврток, 11 август 2022
„Ова е доказ дека можете сѐ кога вистинските луѓе веруваат во вас“ – порача актерот Милош Тимотијевиќ во описот до видеото на кое се гледа неговата драстична трансформација од последните 2 месеци. Актерот успеа да се ослободи од стомакот со здрав живот.
Српскиот актер Милош Тимотијевиќ, на македонската публика ѝ стана познат по улогата на инспекторот Петрит Коци во хит-серијата „Беса“, а играше и во првиот дел на филмот „Јужни ветар“.
Познат е по тоа што мошне се грижи за изгледот и за тоа постојано да биде во топ форма, но изминатиот период во периодот на карантините се опуштил па така почнал брзо да качува килограми.
„Короната го направи своето. Во моментов не вежбам, но наскоро ќе мора да почнам да го правам тоа заради некои проекти што се најавуваат во иднина. Признавам дека од една страна ми е одбивно, но од друга се радувам што ќе почнам да вежбам“ – изјави оваа пролет актерот за српските медиуми.
На својот Инстаграм профил, Милош Тимотијевиќ објави кратко видео во кое се гледа неверојатната трансформација што ја постигнал за само два месеци.
Тој со напорно вежбање и водење здрав живот успеал да ослаби 14 килограми.
„24-ти мај, 2022-ра година, 99 килограми, почнувам со мојата трансформација. Два и пол месеци подоцна, 14 килограми помалку“ – вели Милош во видеото.
Во коментарите, неговиот колега Александар Гавраниќ кој ја толкуваше улогата на Црногорецот Момо во серијата „Беса“ се пошегува со него, па му напиша:
„Ајде сега на ќебапи.“
Погледнете го видеото:
Б. С. Б. | Црнобело