Ја сметаат за најубавата турска актерка – Факти за Симај Барлас од серијата „Парампарче“
- Детали
- недела, 28 јули 2024
Актерката што ја гледавме во серијата „Парампарче“ приватно е целосно поразлична од улогите кои ги добива. Глуми од многу рана возраст, а пробува да го скрие приватниот живот од јавноста.
Откако долги години титулата за најубава турска актерка ја носеа Џансу Дере, Нурѓул Јесилчај, Фахрије Евџен и Берен Саат, сега фокусот е на новите и помлади актерки.
Меѓу нив е и Симај Барлас, која гледачите имаа можност да ја гледаат во серијата „Парампарче“.
Неколку факти за убавата турска актерка:
Многу рано почнала да глуми и да заработува
Симај е роденa во 1999 година во Истанбул.
Уште во 2019 година дебитирала на филмската сцена, со улогата во комедијата „Дигитално ропство“.
После тоа започнала да добива улоги во серии.
Дипломирала на студиската програма за филм и телевизија на Универзитетот Билги во Истанбул.
Пробува да го скрие приватниот живот
Кога станува збор за нејзиниот приватен живот, се шпекулираше дека е во врска со колегата од серијата „Диво срце“, Халит Озгур Сари, но тоа никогаш не било потврдено.
Во 2022 година турските медиуми пишуваа дека е во врска со кошаркарот Сонер Коркмаз, бидејќи биле фотографирани заедно на многу јавни места.
Единствениот маж со кој јавно ја признала врската е актерот Идрис Неби Тушкан.
Важи за повлечена и мирна личност
Слободното време претпочита да го поминува во мир и во својот дом.
За себе вели дека е тивка, мирна и не многу социјална личност.
Ужива во долгите појадоци, негување на косата и лицето и читањето вести на интернет.
Прилично е активна на Инстаграм, а на нејзиниот профил може да се види дека периодов престојува во Америка.
Во едно свое интервју истакна дека во животот црпи инспирација од силните жени.
„Силни жени кои се препознаваат себеси, кои се однесуваат добро кон себе, кои се прифаќаат себеси со своите грешки и добри страни, кои се мирни, кои не се откажуваат, кои и покрај сѐ му се насмевнуваат на животот, кои стојат цврсто на земја, тие се најдобри“.