Тато дојде со приватен авион подоцна од гостите, тематска забава со еднорози – Ќерката на Раста и Ана Николиќ прослави 5-ти роденден (фото)
- Детали
- четврток, 04 август 2022
Раста и Ана Николиќ приредија тематска забава со еднорози и магионичар за 5-иот роденден на нивната ќерка Тара, на која Раста задоцни и дојде со приватен авион од Црна Гора, а на фотките стојат разделени со Ана, која во минатото му го изгреба автомобилот и ги следеа низа скандали.
Раста и Ана Николиќ вчера (03.08.) приредија роденденска забава за 5-иот роденден на нивната ќерка Тара, а според пишувањата во српските медиуми раперот пристигнал подоцна од гостите.
Најверојатно доцнењето се должи на тоа што претходниот ден имал настап во Црна Гора, а како што може да се види од објавите на Инстаграм Стори, тој со приватен авион се упатил во главниот град на Србија каде се одржувала роденденската забава.
Од објавените видеа може да се забележи дека тој и Ана Николиќ не штеделе на прославата на роденденот, па така за присутните дечиња приредија тематска забава со еднорози, со маскота во костум од еднорог, разнобојна торта на три ката и голем број шарени балони.
Дополнително, дечињата уживаа во точката приредена од магионичарот.
Раста сподели уште две фотографии на кои се гледа како ја држи во раце својата ќерка, а тој и Ана Николиќ заедно се фотографираа со присутните гости на забавата.
Забележително е дека Ана и Раста не стојат еден до друг на фотографијата.
Прочитајте и Факти за Раста - бившата сопруга Ана Николиќ со клуч му го уништи автомобилот, важи за српски крал на „Auto-Tune“ музиката
Б. С. Б. | Црнобело