По венчавката во Охрид, Џеди Осман и турската актерка Ебру Шахин на меден месец во Грција
- Детали
- сабота, 16 јули 2022
Откако направија две свадби, една во Охрид и една во Измир, НБА кошаркарот Џеди Осман и неговата сопруга Ебру Шахин заминаа на меден месец на островот Киос во Грција, од каде споделија нови фотографии.
Во текот на изминатиот месец огромно внимание привлече свадбата на турскиот НБА кошаркар со потекло од Охрид, Џеди Осман (27) кој одлучи судбоносното „Да“ да го каже во своето родно место.
Тој и неговата сопруга Ебру Шахин (28) потоа направија уште една свадба за пријателите и роднините во Измир, Турција.
Според информациите во турските медиуми, Џеди за свадбата со Ебру потрошил 8 милиони турски лири, или над 456.000 евра.
Со оглед на тоа што нивните обожаватели нетрпеливо ги следеа фотографиите од свадбите, актерката која во моментов е мошне популарна во Турција заради улогата во серијата Hercai, одлучи на својот Инстаграм профил да сподели уште неколку фотографии направени во бистрите води на Охридското Езеро, но и неколку фотки од медениот месец во Грција.
Погледнете ги фотографиите од медениот месец на Ебру во Грција:
Б. С. Б. | Црнобело