Се венчаа на брод среде езеро во уникатни стајлинзи – први фотки од свадбата на НБА кошаркарот Џеди Осман и турската актерка Ебру Шахин во Охрид
- Детали
- сабота, 02 јули 2022
НБА кошаркарот Џеди Осман и турската актерка Ебру Шахин го кажаа судбоносното „ДА“ на брод пловејќи по Охридското Езеро, облечени во уникатни свадбени стајлинзи – невестата со шешир, младоженецот со патики и светло одело.
Џеди е роден во Охрид и таму ги поминал првите години од својот живот, а по негова и желба на родителите, парот одлучи судбоносното „ДА“ да го кажат токму во овој град, по што на 7-ми јули ќе има и официјална свадбена прослава во Турција.
Тие веќе неколку дена престојуваа во Охрид и се забавуваа со пријателите, а вчера (1 јули) официјално се венчаа на прекрасна свадбена церемонија.
Џеди и Ебру го кажаа судбоносното „ДА“, на брод кој околу два часа пловеше по Охридското Езеро, каде заедно со семејствата и пријателите се забавуваа, а потоа прославата продолжи во локал, каде се пееле турски, српски и македонски песни.
https://www.instagram.com/p/Cff9a46IXoe/
Парот беше облечен во уникатни стајлинзи – невестата елегантна во краток фустан со тантела која се влече и шешир, а младоженецот во светло одело со бели патики.
Свадбата е вистинска атракција, па локалните жители од Охрид ги испратија до градското пристаниште.
https://www.instagram.com/p/Cfflhq6ItzM/
Повеќе фотки од најзборуваната свадбена прослава периодов, која се одржа во Охрид:
фото: simone.kalica
https://www.instagram.com/p/CfgIpAnqP2-/
https://www.instagram.com/p/Cff6N4tK840/
https://www.instagram.com/p/CffivZxIO-v/
https://www.instagram.com/p/CffsWODIGa5/
М. М. | Црнобело