По венчавката во Охрид, Џеди Осман и Ебру Шахин направија свадба во Измир – невестата промени 3 венчаници (фото+видео)
- Детали
- понеделник, 11 јули 2022
За време на свадбата во Измир, Турција, Ебру Шахин промени 2 венчаници, а на афтер-парти танцуваше во краток бел фустан од тантела. Погледнете ги фотографиите од втората свадба на турскиот НБА кошаркар Џеди Осман, кој потекнува од Охрид.
По свадбата во Охрид што се одржа на 1-ви јули, а на која присуствуваа членовите на семејствата и пријателите, турскиот НБА кошаркар Џеди Осман и актерката Ебру Шахин направија уште една свадба во Измир, Турција.
На свадбата во Измир, каде што се запознале, присутвуваа околу 250 гости, а истата се одржа на 7-ми јули.
Според турските медиуми оваа свадба беше само формалност, затоа што двојката стапи во граѓански брак една недела претходно во родниот град на кошаркарот, Охрид.
Сепак, тоа не значи дека оваа церемонија беше помалку гламурозна од претходната. Ебру во текот на вечерта промени три стајлинзи.
„Имавме семејна свадба во Македонија, а одлучивме овде да направиме забава за пријателите и роднините што не можеа да присуствуваат таму. Многу сме среќни“ – изјави парот за турските медиуми.
Погледнете повеќе фотографии и видеа од свадбата во Измир во продолжение:
https://www.instagram.com/tv/Cf2tYikoEVN/?utm_source=ig_web_copy_link
Б. С. Б. | Црнобело