Се проби со помош на Реља, заработува илјадници евра, а живее под кирија – Факти за Цоби, српскиот рапер и продуцент

Каде и да оди го прогонуваат девојки, а тој е верен на неговата сакана и вели дека таа му е најголема поддршка од почетокот. Признава дека најголемите пари почнал да ги заработува од фолкерите, но сѐ уште живее под кирија - факти за најпознатиот српски продуцент Цоби, познат по почетокот на песните со: „Cobi jesi ti radio traku?“...

vo-belgrad-doshol-blagodarenie-na-relja-popovikj-zarabotuva-iljadnici-evra-a-zhivee-pod-kirija-fakti-za-cobi-01.jpg

Слободан Вељковиќ, попознат како Цоби е српски рапер, текстописец и музички продуцент, а неговиот потпис стои зад голем број песни на српската музичка сцена, од Стоја и Дара Бубамара до Реља Поповиќ, Николија и други.

Вели дека не одбива да соработува со кој било музичар сѐ додека има пари да му плати, а признава дека иако заработува огромни суми, сепак сѐ уште живее под кирија и воопшто не се променил.

Цоби (37) почнал да се занимава со музика уште во средно училиште, а во 2005-та година ги снимил своите први песни. Тој пораснал во Прокупље, Јужна Србија, а во 2007-ма година со цел да се посвети на сопствената кариера одлучил да се пресели во Белград.

„Почнав да му праќам музика на Реља, а тој ме викна да дојдам во Белград и така почнавме. Работевме кај него дома, каде правевме музика за реклами, музика за други рапери“ - раскажува Цоби.

Тој вели дека е самоук музичар, чиј татко работел како наставник по музичко образование во Прокупље, а паралелно свирел и на свадби. Оттука, неговото познавање за музиката е собрано половина од класичната настава, половина од свадбите.

Денес е најбараниот српски продуцент, а се смета дека секоја негова песна загарантирано ќе стане хит. Како што вели, тој не бира дали ќе работи со фолкери или со рапери, секој музичар што има пари може да работи со него.

Признава дека најдобрите пари ги заработува од фолк музичарите. Тој открива дека оние што се добри фолк музичари, но не се пробиени заработуваат околу 500 евра од вечер, а оние што се славни земаат од 2.000 евра па нагоре.

„Цел живот работев со рапери и немав пари ниту за кирија, така што ова што го правам е многу посиплатливо“ - вели тој.

Инаку, Цоби во една прилика откри дека парите што ги заработува не го промениле воопшто и дека сѐ уште живее под кирија.

Она што особено привлекува внимание е тоа што иако познатиот продуцент постојано е опкружен со убави девојки, тој долго време е со неговата девојка Јелена Николиќ, која е позната блогерка и работи како инсципиент во театар.

„Девојчињата се однесуваат како девојчиња и сето тоа е нормално и доаѓа со работата што ја работам. Знае дури и да биде симпатично, но мене мојата девојка ми е најдобра и тука се завршува секоја приказна. Таа е со отворен ум и ми е ветар во грб од самиот почеток“ – вели Цоби.

vo-belgrad-doshol-blagodarenie-na-relja-popovikj-zarabotuva-iljadnici-evra-a-zhivee-pod-kirija-fakti-za-cobi-02.jpgфото: Инстаграм

Инаку Јелена е одговорна и за реченицата Cobi jesi ti radio traku, со која започнуваат сите песни на Цоби. Токму нејзиниот глас го слушаме на почетокот на сите песни што ги направил тој, а благодарение на таа реченица популарноста нагло му порасна.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Што ти е тебе сестро?“ - Српски монах јавно ја осуди Јелена Ѓоковиќ „Јелена носи некои луѓе од белиот свет за да ги учат родителите во Србија како с...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Едниот син таа го пронајде мртов, другиот се предозира во Израел: Трагедиите во семејството на Марин... Во 2008 година, ненадејно почина помладиот син на Марина Туцаковиќ. Во 2021-ва т...
Лепа Лукиќ првпат се огласи по скандалот за наводната афера со Бака Прасе: „Сакав да ги тужам, но се... „Сѐ и сешто пројдов, само уште диви свињи ми фалат!“ – рече низ шега 84-годишнат...
„Ми се скрши нокт на склекови“ - Хит видео на Хрват за младите момци на кои им воведоа воен рок „Нѐ натераа сами да си ги местиме креветите, немав време за мојот ритуал за убав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg