Рај на островот Раб: Започна фестивалот на песочни фигури на една од најубавите хрватски плажи (фото)
- Детали
- вторник, 28 јуни 2022
Една од најубавите хрватски плажи, рајската плажа во Лопар, повторно ќе биде домаќин на светски и локални уметници кои се дел од изложбата која опфаќа прекрасни креации од песок.
Популарниот фестивал на скулптури од песок ќе се одржи од 28 јуни до 1 јули, а скулпторите ќе направат уметнички дела од златно-жолтиот лопарски песок на тема „Војна на ѕвездите“.
Овој уникатен настан е во организација на Туристичкиот одбор на општина Лопар и културниот центар Лопар, а влезот за „Фестивалот на песочни скулптури“ е бесплатен.
Дел од темите во текот на изминатите години кои послужиле како инспирација за песочните фигури биле Митски суштества и Алиса во Земјата на чудата.
Ателје на отворено: популарниот фестивал на скулптури од песок собира сè повеќе уметници и туристи во Лопар.
Paradise Beach кон крајот на јуни ќе се претвори во „галерија на отворено“. Инспирирани од темата Star Wars односно Војна на ѕвездите, уметниците ќе создадат шест оригинални скулптури исклучиво од песокот од плажите Лопар и вода. Овој настан со години го привлекува вниманието на локалното население и посетителите на Лопар, но и на меѓународната јавност.
„Лопар е познат по своите песочни плажи, како и по уметничките креации направени од песок. Овогодишното издание на Фестивалот е посебно по тоа што ви го претставуваме идниот парк на победничките скулптури.
Горди сме на овој настан и фактот што стана еден од најпрепознатливите настани што ги радува туристите да го посетат нашиот прекрасен остров“, изјави директорот на Туристичкиот одбор на Лопар, Марин Муско.
Овој уникатен фестивал започна во 2011 година, а на Фестивалот на песочни скулптури присуствуваат многу гости, жители и туристи на Лопар и на островот Раб.
Со цел да се овековечи песочната магија на последниот ден од Фестивалот се прогласуваат најдобрите скулптури и најдобрите фотографии на настанот.
Погледнете како изгледаа дел од песочните креации од изминатите години:
(О)Милена | Црнобело