„Денес повеќе личиш на старлета, отколку на кошаркарка“ - Фотки на Милица Дабовиќ од младоста ја распламтија јавноста

Поранешната кошаркарка Милица Дабовиќ до неодамна престојуваше во Доминиканската Република каде учествуваше во шоу програмата Survivor и го освои второто место.

Denes-povekje-lichish-na-starleta-otkolku-na-kosharkarka-fotka-na-Milica-Dabovikj-ja-rasplamti-javnosta  01 630x330.jpg

Нејзината подготвеност и способност во дуелите, како и интригантниот однос со другите членови на тимот, ја направија една од најинтересните натпреварувачки на овоа возбудливо шоу.

Denes-povekje-lichish-na-starleta-otkolku-na-kosharkarka-fotki-na-Milica-Dabovikj-od-mladosta-ja-rasplamtija-javnosta  05 630x400.jpg

По завршувањето на Survivor низ социјалните мрежи почна да кружи фотографија на која Милица Дабовиќ има кафена коса и изгледа сосема поинаку од денес, па од таа причина многумина на „прв поглед“ не ја препознаа.

Oваа фотографија предизвика лавина од коментари, па додека едни го пофалија изгледот на познатата кошаркарка и учесничка во реалното шоу, други сметаат дека таа претерала со пластиката. 

https://www.instagram.com/p/Cdqg-gLsFWB/

„Изгледаш како старлета, а не како кошаркарка. Личиш на Круела“ - се само некои од негативните коментари, кои со сигурност не премногу ја допираат познатата кошаркарка.

Милица повеќепати признала дека променила сè што не ѝ се допаѓало кај себе, а од друга страна некои од интервенциите морала да ги направи поради кариерата.

„Како млада секогаш ги 'прчев' усните на слики, бидејќи сакав да имам поголеми усни. Во текот на кариерата ми ги скршија забите и аркадата и имав многу удари во носот.

Поради еден од тие удари, со лактот, морав да си ги средам забите. Имав 17 години и се сеќавам дека дури и голтнав заби“ - раскажува Милица.

Denes-povekje-lichish-na-starleta-otkolku-na-kosharkarka-fotka-na-Milica-Dabovikj-ja-rasplamti-javnosta 03 630x400.jpg

„Најважно ми е да си го негувам лицето и одам на редовни масажи и третмани за лице. Обожавам и мезотерапија, а ботокс имам само на челото. Не сакам естетска хирургија, бидејќи денес сите жени изгледаат исто.

Кога ги гледам тие големи усни и гради, едноставно не можам да го прифатам тоа. Сè на телото треба да биде пропорционално и да се знае каде е границата.

Мислам дека не се свесни дека се изобличени и дека сето тоа не изгледа убаво. Не е привлечно ниту за мажите“.

Denes-povekje-lichish-na-starleta-otkolku-na-kosharkarka-fotka-na-Milica-Dabovikj-ja-rasplamti-javnosta  04 630x400.jpg

„Мислам дека многу ми замеруваат затоа што сум мајка, а се сликам во костим за капење, а знам и како да го направам тоа. Никогаш нема да ми биде јасно, но ме обвинуваат за сè што правам.

Нашите луѓе секогаш имаат нешто лошо да кажат. Најлошо ми е кога ми пишуваат како не се срамам од тие слики поради моето дете. Зарем не е подобро да се напише 'браво' – коментира таа, и додава дека не би се оценила со оценка десет, туку сто.

„Сè во животот постигнав со работа. И во спортот, но и кога е во прашање физичкиот изглед. Ако правите 500 стомачни секој ден како јас, и вие ќе имате затегнат стомак.

Никој не може да ми каже дека нема ниту еден час дневно за себе - изјавува Милица.

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сама ги воспита, ги учела да не бидат мамини мази – Лидија Вукичевиќ е горда на синовите Кога станува збор за нејзините синови, не пропушта прилика а да не каже дека тие...
Јелена Карлеуша со емотивно сеќавање за Тоше: „Никогаш не сум плачела толку многу како дента кога за... „Тоше беше неуморен. И пееше како некоја виша сила да го тера да пее цело време,...
Пар од шоуто „Задруга“ на раб на егзистенција: Двајцата се тешко болни, имаат 6 деца Раде и Рада Васиќ се брачен пар од Србија кој се прослави со контроверзното ре...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Првата жена пилот во Turkish Airlines: „Мајка ми ми велеше дека ова не е женска професија“ „Бев многу мала кога ѝ кажав на мајка ми дека сакам да бидам пилот, а таа ми одг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg