По 2 обиди за самоубиство, како изгледа денес Милица Мајсторовиќ од Операција Триумф? (фото)

Милица Мајсторовиќ се прослави со учеството во шоу програмата „Операција триумф“. По натпреварувањето во 2008 година, во кое учествуваше и Македонецот Александар Белов, атрактивната Милица Мајсторовиќ ја следеа бројни контроверзии.

Kako-izgleda-Milica-Majstorovikj-denes-01.jpg

По „Операција триумф“, Милица сними неколку песни, а потоа се повлече од јавноста. По тешкиот период низ кој поминала, во една емисија Милица изјавила дека медиумите „ја изеле“ и дека им „приредила преголемо задоволство“.

Се пишуваше и за нејзиниот љубовен живот – романсата со раперот Скај Виклер и спортистот Иван Ленџер. Таа со години не се појавуваше никаде, а потоа се посвети на актерството.

Во февруари 2010 година, пејачката се обидела да изврши самоубиство, за што подоцна проговорила.

„Таа вечер ми се собра сè, 100 пати си реков: Не можам повеќе да живеам, сакам да се убијам. Пиев две-три таблети за намалување на притисокот и наизменично ги комбинирав со алкохол, додека страдав од анемија и телото ми беше многу исцрпено.

Моите родители ме најдоа без свест во тоалетот и повикаа брза помош. Да имав соодветен предмет пред мене во тој момент, којзнае што ќе се случеше.

И претходно сум се обидувал да се повредам со тапи жилети, но мислам дека Господ сè уште не ме сака покрај него“ – изјавила Милица по немилиот настан.

Според одредени медиуми, само два месеца подоцна, во април 2010 година, Милица на ист начин кренала рака на себе.

Но, деценија и неколку години подоцна, се чини дека Милица Мајсторовиќ е конечно среќна.

Само неколку недели по свршувачката во 2019 година, Милица се омажи за нејзиниот партнер Ѓорѓе Лазовиќ покрај кого ја добива сета љубов и поддршка која ѝ е потребна.

Како изгледа атрактивната бринета од Операција Триумф денес?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Милица Дабовиќ по веста за нејзината наводна смрт: „Кој е толку болен да закопува живи луѓе?“ „Во ред, разбирам сè, но објаснете ми како некој е толку болен за да закопува жи...
На 62 години го запозна мажот на својот живот, го загуби по 15 години - Тажната љубовна приказна на ... „Кога во 2009 Славко се вратил во Белград од САД, наши пријатели решиле да нè сп...
„Сакав да видам како се одело порано на море“ – Пар од Србија со Фиќо старо 46 години патувал до Ант... Со чести паузи, без клима и со максимална брзина од 80 km на час, српски брачен ...
Алекса Перовиќ чека трето дете - Се разведе пред 2 години, не го открива идентитетот на новата љубов Скоро две години по разводот, на Божиќ, победникот на „Ѕвездите на Гранд“ откри ...
Стана славна со улогата на проститутка, сега е новинарка која го истражува атентатот врз Ѓинѓиќ - Ко... Почнала да глуми за да му се приближи на актерот во кој била вљубена, денес има ...
Природно убави - Пејачки од Србија кои немаат направено естетски корекции Сара Јовановиќ, попозната како Сара Јо, важи за една од најубавите млади пејачки...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg