Се омажила на 16 години, скандали со Фотошоп - Факти за турската актерка Хулја Авшар од серијата „Невиност“
-->
Во 1981-ва година по разводот со Теџирли, Хулја одлучила да се пресели во Истанбул, а 2 години подоцна учествувала во натпреварот за убавина организиран од познатото турско списание „Булевар“ и победила. Сепак, круната ѝ била одземена откако се дознало дека зад себе има еден брак, а според строгите правила на списанието сите кандидатки требало да бидат немажени.
Сепак, учеството во изборот за убавина претставува пресвртен момент во нејзината кариера. По него Хулја учествувала во голем број реклами, а се појавила и во турскиот филм Haram. Долго време била посветена на музичката и на филмската кариера, а во 1993-та година ја започнала врската со спортскиот коментатор и пливач Каја Чилингиролу.
Со него стапила во брак во 1997-ма година, а направиле свадбена церемонија во Париз.
-->
Парот во 1998-ма година ја добиле ќерката Зехра, а биле заедно сè до 2005-та година кога поднеле документи за развод. По ова Каја во 2009-та се оженил со Фераје Тенулач со која добил син, а Хулја беше во врска со поранешното дечко на Емина Јаховиќ, милијардерот Садетин Саран.
Хулја денес сè уште има успешна музичка кариера и важи за една од најубавите Турчинки, сепак додека ја снимаше серијата „Невиност“ во Турција таа беше мета на критики заради преголемото користење филтери од страна на продуцентите за време на снимањето на серијата.
Овој скандал бил една од причините заради кои актерката самата побарала серијата да заврши предвреме.
Погледнете уште неколку нејзини фотографии во продолжение:
-->
-->
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Глумеше во серија која доби Еми награда: Каде е денес Дениз од „Кога лисјата паѓаат“?
Убавата турска актерка ги освои срцата на нашата публиката со улогите во сериите...
Што знаеме за првата сопруга на Огњен Амиџиќ – Таа го запросила, ретко се појавувал со неа во јавнос...
„Првиот пат стапив во брак затоа што мислев дека така треба, а не затоа што бев ...
„Сакав да видам како се одело порано на море“ – Пар од Србија со Фиќо старо 46 години патувал до Ант...
Со чести паузи, без клима и со максимална брзина од 80 km на час, српски брачен ...
Баба од Босна го растажи Балканот: „Имам синови и внуци, но никогаш не ме посетуваат“
„Синовите не ми доаѓаат често, за нив дознавам преку луѓето. Имам и три внуци. Н...
Го избркаа среде серија затоа што бил „тежок човек“, важи за еден од најзгодните Хрвати – Како изгл...
Имаше гласини дека бил избркан од серијата „Чиста љубав“ заради постојани несогл...
Му предложила брак на сопругот, по 1 година се развеле – Што знаеме за турската актерка Гозде Џигаџи...
„Фала Богу – се разведов!“ Ова беше првата изјава што турската актерка Гозде Џиг...