Се омажила на 16 години, скандали со Фотошоп - Факти за турската актерка Хулја Авшар од серијата „Невиност“
- Детали
- сабота, 11 јуни 2022
Пораснала со баба ѝ, а имала само 16 години кога првпат стапила во брак, на 58 години важи за една од најубавите Турчинки, а остро ги осуди продуцентите што користеле филтери за нејзиното лице во турската серија „Невиност“ – Што знаеме за убавата турска актерка Хулја Авшар?
Хулја Авшар кај македонската публика е можеби најпрепознатлива по улогата на Хале Илкер во турската серија „Невиност“, а интересно е што со токму оваа психолошка драма познатата турска актерка и пејачка одлучи да се збогува со снимањето ТВ серии.
Хулја е актерка која иако е длабоко навлезена во шестата деценија од животот знае да го одземе здивот со нејзината природна убавина.
Неодамна во труските медиуми се појавија нејзини папараци фотографии на плажа во Кипар, а на изгледот на нејзиното тело може да ѝ позавидат и голем број други нејзини помлади колешки.
Убавата Турчинка освен што се занимава со глума и пеење, исто така е и страсна тенисерка, а досега се појавувала како почесен гостин и во некои од тениските купови во Турција.
Зад себе има голем број улоги и музички албуми, важи за една од најатрактивните жени во Турција, а кај нас особено стана позната по улогата на Хале Илкер во ТВ серијата што го означи крајот на нејзината актерска кариера „Невиност“.
Повеќе факти за турската убавица во продолжение:
Хулја Авшар била родена на 10-ти октомври 1963-та година, а детството го поминала со нејзината баба во приморскиот град Ајвалик на брегот на Егејското Море, додека нејзините родители работеле на оддалеченост од околу 650 km во Анкара.
Основното образование го почнала во Анкара заедно со родителите, но по само една година се вратила повторно во Ајвалик кај нејзината баба.
По завршувањето на средното образование, Хулја не се запишала на факултет, а во 1979-та година се омажила за студентот по инженерство Мехмет Теџирли. Иако нивниот брак траел само 2 години, тој имал последици врз нејзината кариера.
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:





