Суицидни мисли, важи за најплатената пејачка во Албанија – Која е атрактивната Луана Вјолца? (фото)
- Детали
- сабота, 04 јуни 2022
Не се срами по лош ден да го покаже сопственото насолзено лице со размачкана шминка, откри дека на раката има тетоважа што обично ја ставаат луѓето што во еден миг размислувале да посегнат по сопствениот живот – Што знаеме за атрактивната Луана Вјолца од Албанија?
Луана Вјолца е ТВ водителка и пејачка од Албанија, која важи за една од најсексапилните личности на албанската естрада, но и една од најгласните феминистки што отворено се бори за бори за правата на жената.
Во правец на тоа оди и нејзината најнова песна Isha, во која на крајот на видео спотот ги цитира стиховите на Вилијам Шекспир и ги повикува мажите да клекнат на коленици пред жените.
Неколку интересни факти за атрактивната албанска пејачка:
За Луана Вјолца се вели дека е јавна личност која долго време беше меѓу најплатените пејачки во Албанија, а освен од концерти и работа во телевизија, заработува од објави на Инстаграм и рекламирање производи.
Родена е во Тирана на 2-ри септември 1991-ва година и во моментов има 30 години, а со музика почнала да се занимава додека била многу мала. Заедно со сестра ѝ Марина, настапиле на фестивал за деца, кога Луана имала само 9 години. Како дете две години одела на часови по соло пеење, а учела да свири гитара и виолина.
Сепак, во поглед на образованието, атрактивната Албанка одлучила да избере професија што ќе ѝ донесе повеќе пари, па така таа денес е дипломиран магистер по економија, а магистратурата ја добила во 2014-та година.
Кариерата како јавна личност ја започнала како ТВ водителка и метео-девојка, за потоа да се врати на музиката, а благодарение на атрактивниот изглед и добрите песни, нејзините видео-спотови секогаш го привлекуваат вниманието кај публиката.
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:





