Анастасија Ражнатовиќ го прослави 24-иот роденден – гламурозна забава од 10.000 евра на која го покажа новиот дечко (фото+видео)

„И двајцата сме јавни личности, сигурни сме дека ќе имаме притисок, но ако врската е вистинска, ништо нема да може да ја разруши“ – рече Анастасија за врската со нејзиниот нов дечко Немања Гудељ. Цеца, пак, откри дека тој направил еден гест со кој ја расплакал.

anastasija-razhnatovikj-go-proslavi-24-iot-rodenden-glamurozna-zabava-od-10-000-evra-na-koja-go-pokazha-noviot-dechko-foto-video-01.jpg

Ќерката на српската фолк-дива Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, вчера (25.05) го прослави својот 24-ти роденден, а по тој повод приреди гламурозна забава во еден белградски локал.

На забавата присуствуваа голем број пријатели и познати личности на српската естрада, а секако тука беа и членовите на нејзиното семејство: мајка ѝ Цеца, братот Вељко Ражнатовиќ, тетка ѝ Лидија, но и нејзиното момче Немања Гудељ со кого од неодамна е во врска.

Анастасија носеше краток црн фустан со мрежести ракавици, а целиот изглед го надополни со розови чевли.

 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 

A post shared by Telegraf.rs (@telegraf.rs)

На забавата пееше Цеца, микрофонот го зема и славеничката, а исто така запеаја и некои од другите присутни гости.

Според дел од српските медиуми, забавата чинела околу 10 илјади евра.

https://www.instagram.com/tv/Cd_86I3D-1K/?utm_source=ig_web_copy_link

Пред забавата Анастасија даде изјава за медиумите во која рече дека запознавањето на мајка ѝ со нејзното ново момче поминало одлично.

Анастасија откри како се запознала со Немања:

„Се запознавме преку пријатели и веднаш кликнавме. Кај него ми се допаѓа сѐ. Двајцата сме јавни личности, јасен ни е интересот кај медиумите и секако, го прифаќаме тој факт.

Тој не е љубоморен, нема причина да биде. Сигурно дека ќе имаме притисок, но ако врската е вистинска, ништо нема да може да ја разруши“ – рече таа.

https://www.youtube.com/watch?v=wpD7lCwDhvE

Откако ги дувна свеќите на тортата, Анастасија за првпат во јавност го бакна новиот дечко, а фотографијата од нивниот бакнеж веднаш се прошири на социјалните мрежи.

Претходно Цеца на својот Инстаграм профил објави кратко видео во кое сите членови од семејството ѝ го честитаа роденденот на Анастасија, а во изјава за медиумите таа рече дека Немања направил еден мал гест со кој ја расплакал, но не откри за што точно станува збор.

Според Анастасија тоа е приватна работа за која нема намера да коментира.

https://www.instagram.com/tv/CeAEAetoG10/?utm_source=ig_web_copy_link

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Цеца и Теа Таировиќ ги кренаа на нозе гостите на Светски ромски бал во Скопје (видео) Вистинската забава на Светски ромски бал 2024 почна со настапот на Теа Таировиќ ...
Цеца за Анастасија: „Разбирам зошто не си доаѓа, најголемата болка годинава ја доживеав заради неа“ „Годината беше шаренолика. Имав многу успешни концерти, многу радости, среќа, а ...
Лепа Лукиќ првпат се огласи по скандалот за наводната афера со Бака Прасе: „Сакав да ги тужам, но се... „Сѐ и сешто пројдов, само уште диви свињи ми фалат!“ – рече низ шега 84-годишнат...
Наташа Беквалац, Сека Алексиќ: Српските ѕвезди се собраа на забава во Белград со оскаровски гламур Сека Алексиќ изненади со впечатливи ултра кратки шишки и Лејди Гага чевли, а Бој...
Најдобриот другар го тужел за пари, ги крие девојките – Што знаеме за грчкиот пејач Никос Вертис? Во 2017-та година се најде среде скандал кога најдобриот другар од детството го ...
Цеца во „скромен“ аутфит од над 35.000 евра, Анастасија си дојде од Шпанија – Како се славеше раѓање... „Цел ден сум во истата облека, цел ден трчам и работам“ – им се пожали Цеца Ражн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg