„Преслаба си, додај некое кило за да бидеш бомба“ - Наташа Беквалац мета на критики по фотките во костим за капење
- Детали
- петок, 27 мај 2022
„Ти фалат уште 5 килограми и ќе бидеш бомба, ова е класична фотошопирана слика“ – стои во дел од коментарите до фотографијата што Наташа Беквалац ја објави на својот Инстаграм профил.
Српската пејачка Наташа Беквалац беше на одмор во Црна Гора во луксузен хотел од каде редовно објавуваше фотографии на кои го покажа своето совршено тело.
Додека едни сметаат дека е најубавата жена на српската естрада, други ја обвинија за лош Фотошоп, или пак ја советуваа дека треба да се здебели.
„Кои се вашите желби за ова лето? Јас би сакала да го завршам албумот, а другото не смеам да ви го кажам... Можеби за месец-два... Овие денови ме пазат како никогаш досега, се плашам дека ќе ми се допадне“ – напиша Наташа до фотографијата.
Сепак, иако многумина дадоа позитивни коментари за нејзиниот изглед во белиот костум за капење, некои од нејзините следбеници сметаат дека таа користела Фотошоп за да ги направи нозете да ѝ изгледаат подолго, а други велат дека е премногу слаба.
„Колкави нозе. Како да има 180cm“, „Класична фотошопирана слика“, „Нато, да не порасна?“, „Преубава си, но многу си слаба. Ти фалат 5 килограми и ќе бидеш бомба“, „Фрли некое килце, ова не е во ред“ – стои во коментарите.
Инаку, „новосадската барбика“ како што уште ја нарекуваат познатата српска пејачка е висока околу 170cm, а пред една година им објави војна на пороците и самата откри дека во периодот кога имала огромна желба за цигара често знаела да оди до ладилникот и да почне да јаде.
Што мислите вие, дали е преслаба или згодна? Погледнете повеќе нови фотографии од неа:
Б. С. Б. | Црнобело