Се шпекулира: Петар Грашо и Хана ќе ѝ ја украдат идејата на Данијела Мартиновиќ за име на детето

Откако се омажи за Петар Грашо, поранешниот партнер на Данијела Мартиновиќ, во венчаница од омилениот бренд на пејачката, Хана Хуљиќ која очекува бебе со Грашо, наводно избрала едно од имињата кои Данијела ги имала на ум за своето бебе.

Se-shpekulira-Danijela-dakala-taka-da-i-se-vika-deteto-01.jpg

Според хрватските медиуми, Петар и Хана, ќерката на Тончи Хуљиќ, кон крајот на јули ќе станат родители.

Крајниот термин за породување е 23 јули, а тој ден Петар ќе настапи на музички фестивал во Сплит, поради што можеби нема да може да присуствува на раѓањето на детето.

На истиот фестивал настапува и таткото на Хана, Тончи, а уметнички директор на фестивалот е нивниот зет Иван, па семејството ќе биде доста зафатено во текот на овој период.

Веќе е откриено дека парот очекува девојче, а се шпекулира и околу нејзиното име. Наводно, парот го избрал името Алба.

Интересно е што Данијела Мартиновиќ имала желба така да се вика нејзиното дете доколку би го имала некогаш со Петар Грашо.

Во интервју за магазинот ИН во 2014 година, таа изјавила дека не сака ништо повеќе од потомство и дека на момче сигурно ќе му го дадат името Тони, но за девојче имале избор од две имиња.

„Навистина, тоа е најголемата желба во мојот живот во моментов. Еве, навистина се надеваме дека многу брзо ќе се радуваме. Синот ќе биде Тони, се знае, по покојниот дедо на Петар, а за девојчето имаме две имиња, Луце или Алба, интересно, тие се сосема дијаметрално различни, па можеби луѓето ќе се изненадат.

Луце, затоа што е вистинско далматинско, наше име, а мојата покојна баба беше Луце, но кога го слушнав името Алба, бев многу возбудена, бидејќи Алба на италијански значи „зора“, исто така е двосмислено, убаво и необично, а сепак блиску до нас и различно“, изјавила тогаш Даниела.

Петар Грашо и Данијела Мартиновиќ беа заедно 24 години, а за тоа време беа блиски семејни пријатели на Тончи Хуљиќ, па ја гледаа Хана како расте и созрева.

Минатата година хрватските медиуми објавија дека парот повеќе не живее заедно, а набргу потоа се шпекулираше дека Грашо е во врска со младата Хана, која набргу потоа забременила.

Тие неодамна се венчаа во црквата Свети Доминик во Сплит, на интимна церемонија која собра неколку десетици најблиски луѓе.

Останува да видиме дали парот навистина ќе го крсти своето девојче Алба…

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Петар Грашо и Хана добија син, му го дадоа името што го планирал со Данијела Хрватскиот пејач Петар Грашо и неговата сопруга Хана Хуљиќ го добија второто дет...
Петар Грашо го откри полот на бебето што го очекува – Дали пак ќе му го даде името што го планирал с... Пред извесен период хрватскиот пејач Петар Грашо, откри дека неговата сопруга Ха...
Има 2 деца со различни жени, често ги изневерува девојките: Бурниот љубовен живот на Петар Стругар Зад себе има еден пропаднат брак и вели дека разводот не му паднал тешко. Вторио...
„Ми се скрши нокт на склекови“ - Хит видео на Хрват за младите момци на кои им воведоа воен рок „Нѐ натераа сами да си ги местиме креветите, немав време за мојот ритуал за убав...
Беше во брак со двајца српски пејачи кои беа другари, наследи вила од 750.000 евра: Која е фаталната... Таа ги скара најдобрите пријатели Аца Лукас и Жељко Шашиќ, но и двајцата ги оста...
Србинка си дојде на „мекиците“ за своето новороденче и стана мета на критики (видео) На само 5 дена по породувањето, сопругата на српскиот голман Предраг Рајковиќ се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg