Хрват изоде 107 метри под вода во еден здив и го сруши Гинисовиот рекорд: „Можев и подобро“

Замислете само да држите здив околу пет минути под вода, а потоа замислете и да чекорите на дното на полн базен. Ова му успеа на хрватскиот нуркач Витомир Маричиќ кој го сруши Гинисовиот рекорд за најдолго одење под вода во еден здив.

hrvat-izode-107-metri-pod-voda-vo-eden-zdiv-i-go-srushi-ginisoviot-rekord-mozhev-i-podobro-01.jpg

Хрватскиот нуркач Витомир Маричиќ го сруши Гинисовиот рекорд за најдолго одење под вода во еден здив. Тој успеа да изоди 107 метри на дното на базен во Опатија, во еден здив, за пет минути.

Со тоа Витомир го сруши рекордот што претходно го држеше друг Хрват, Борис Милошиќ, кој во 2020-тата година успеа да изоди 96 метри во еден здив.

Витомир вели дека не чувствувал потреба да тренира премногу за да го сруши Гинисовиот рекорд.

„Како професионален нуркач немам потреба премногу да се подготвувам за рушење рекорд со задржување на здивот“ – вели тој и додава дека би можел под различни услови да сруши повеќе рекорди.

Тој смета дека и во однос на сегашниот резултат за одење под вода би можел да постигне поголеми успеси во иднина.

„Можам многу подобро, но, ова се снимаше во живо и затоа сакав да бидам внимателен и прецизен“ – открива нуркачот.

Витомир кој по потекло е од Ријека пред 4 години почнал да се занимава со професионално нуркање.

Погледнете го видеото од соборувањето на Гинисовиот рекорд:

Витомир редовно објавува фотографии нa неговиот Инстаграм профил, погледнете дел од нив:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Спа центар, винска визба - Што крие луксузната вила од 2 милиони евра што Харис Џиновиќ ѝ ја остави ... „Не сум архитект, не читам нацрти, гледам како е нешто изградено и реагирам. Вел...
Србинка со предупредување: „Во Неос Мармарас дете ќе се удавеше пред очите на татко му, заради маска... Колку се безбедни пластичните маски за нуркање? Можеме ли секогаш да бидеме сто ...
Марија Шерифовиќ сподели нови фотки од синот Марио – На 9 месеци застанал на нозе, ја носи кошулата ... „Умирам за него, не можам да живеам без него“ – призна мајката на Марија Шерифов...
Се откажа од ќерката единица и поднесе барање за развод - Семејна драма во домот на член од „Амадеус... „Јавно се откажав од ќерка ми, а потпишав и тестамент во кој целиот свој имот им...
Што знаеме за сестрата на Цеца, која работи како директорка во нејзината фирма и се крие од јавноста... „Ние две отсекогаш сме биле тандем. Сестра ми ми ја даде најголемата поддршка во...
Марија Шерифовиќ на одмор со синот - ги критикува сите што немаат храброст да се разведат Марија Шерифовиќ набљудува мажи и жени во ресортот каде престојува и вели: „Луѓе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg