„Ми пукнаа конци на градите“ – една од најубавите Србинки се откажа од италијанскиот Survivor (фото)

„Многу ослабев и ми се скина еден конец на градите од претходна операција. Ризикот од инфекција во условите во кои живеевме беше голем“ – појаснува српскиот модел Јована Ѓорѓевиќ која мораше да го напушти италијанското реално шоу „Остров на познатите“.

edna-od-najubavite-srbinki-se-otkazha-od-uchestvoto-vo-italijanskiot-survivor-si-zaminav-zaradi-zdravstveni-komplikacii-foto-01.jpg

Јована Ѓорѓевиќ која е сопруга на српскиот фудбалер Филип Ѓорѓевиќ и важи за една од најубавите Србинки учествуваше во италијанското реално шоу „Остров на познатите“, италијанска верзија на познатото шоу Survivor.

Сепак, српската убавица за која се знае дека во минатото имала 50% оштетување на кожата поради изгореници и која успешно закрепнала, деновиве мораше да се повлече од реалното шоу, затоа што се соочила со здравствени проблеми.

Прочитајте и Ѝ изгоре 50% од кожата, ја поврзуваа со Саша Ковачевиќ: Бурниот живот на една од најубавите Србинки

mi-puknaa-konci-na-gradite-najubavata-srbinka-vo-italija-se-otkazha-od-italijanskiot-survivor-foto-02.jpg

Таа на Инстаграм се обрати до своите следбеници и детално образложи за што станува збор и со какви проблеми се соочува:

„Сè се гледа на моето лице. Никогаш не знаев како да ги скријам сопствените чувства. Секако, не можев премногу да говорам синоќа, а сакав да ви кажам многу работи и сè уште сум многу возбудена.

Пред сè, сакам да ви се заблагодарам затоа што гласавте за мене, не можев да поверувам колкав фидбек добив. Ве сакам сите! Второ, како што сите знаете, причините за моето заминување од реалното шоу се здравствени.

mi-puknaa-konci-na-gradite-najubavata-srbinka-vo-italija-se-otkazha-od-italijanskiot-survivor-foto-03.jpg

Имав мало парче конец од операцијата на градите што ја правев пред неколку години и еден конец беше скинат (заради тоа што загубив многу килограми).

Бев на лекар, затоа што сакав да ми го извадат конецот. Не очекував дека локалниот хирург ќе ми каже дека ќе мора да отстрани најмалку два конци и дека ќе треба да одморам најмалку пет дена, да примам антибиотици итн.“ – појаснува Јована.

Таа вели дека првично не се согласила со лекарот, но дека на крај поради ризикот од инфекција во условите во кои живееле на островот морала да го напушти шоуто и да се врати во Милано каде целата процедура за вадење на конецот траела околу 10 секунди.

„Никогаш не се откажувам, не сум таков карактер – јас сум таа што секогаш продолжува понатаму. Отидов во шоуто за да победам, не за да се вратам, но некои работи се посилни од нас...

Како и да е ова беше едно од најтешките и најубавите искуства што сум ги имала и благодарна сум што имав можност барем да се обидам“ – вели таа.

Погледнете повеќе фотографии од Јована на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Сара Јо се моли за Панчо ДНК: „А, ти, добар наш Панчо... Знам дека се бориш лавовски, така како што ... „Не постои миг, а да не мислиме на тебе. Со целото срце и душа сме со тебе“, му ...
Една од најубавите Србинки откри како успева набрзина да ослабе: „За жал, лебот не ни е пријател“ Актерката Јелена Гавриловиќ (41) е многу посветена кога станува збор за тренинзи...
Гласини дека е во врска со Марија Шерифовиќ откако беа заедно на одмор – Која е Јована Пајиќ? „Да бевме заедно на летување. За тоа зборуваме и прикажуваме само толку колку шт...
Јована Пајиќ, која ја поврзуваа со Марија Шерифовиќ: „Не сум спремна за нова љубов, ги одбивам мажит... „Моите другарки ми најдоа стан за да се преселам. Искрено, имам дупка во ме...
Гласини дека беше во врска со Жељко Јоксимовиќ, заради љубов заврши во затвор – Се сеќавате ли на Ро... Во врвот на славата имаше гласини дека е во врска со Жељко Јоксимовиќ, потоа исч...
Не сака да вгради силикони, не држи диети – Како српската пејачка Милица Тодоровиќ „отскокнува“ од с... „Моите пријатели порано постојано ми велеа: ’Ајде ние ќе ти платиме еден силикон...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg