Најубавиот турски пар, Бурак и Фахрије, направија тематска роденденска прослава за синот – со формула, балони и замок за лизгање (фото)
- Детали
- понеделник, 18 април 2022
Со тематска забава со формули, замок за лизгање и многу балони, турските актери Бурак Озџивит и Фахрије Евџен го прославија 3-иот роденден на синот Каран.
Актерот кој кај македонската публика се прослави со улогата во серијата „Сулејман Величествениот“ и актерката која е позната по улогата на Неџла во серијата „Кога лисјата паѓаат“ на социјалните мрежи објавија повеќе фотографии од роденденската забава на синот Каран.
На Инстаграм Стори објавија и неколку видеа на кои може да се види дека и актерите уживале заедно со синот во замокот за лизгање и во добрата забава.
Инаку, роденденот на Каран беше на 13-ти април, па по тој повод актерката објави серија фотографии од Каран до кои напиша:
„Точно пред 3 години, ти стана мојот пролетен цвет што процвета во нас, сине... Ми го донесе мирисот на пролетта. Среќен роденден сине“
Прочитајте и Љубовната приказна на Бурак Озџивит и Фахрије Евџен - бил свршен со друга, меден месец на Малдиви
Погледнете повеќе фотографии од забавата:
Б. С. Б. | Црнобело