Што симболизира кулата Генекс за која пее Констракта во „Триптих“? (фото)
- Детали
- вторник, 19 април 2022
Несомнено, сите сме вљубени во Констракта, односно Ана Ѓуриќ, овогодишната претставничка на Србија за Евровизија 2022. Таа ни ги освои срцата со In corpore sano, но таа е само една од трите песни, дел од „Триптих“ на Констракта, чија желба била да ја промовира втората песна од триптихот, неочекувајќи никаква победа на Беовизија 2022.
Веројатно веќе сте го преслушале и изгледале целиот „Триптих“ на Констракта, но интересно е што во првата песна со наслов „Нобл“, Ана ја споменува кулата Генекс, преку следните стихови:
Sa moje terase se vidi Geneks kula, Kada gledam je, plašim se da ću da padnem sa nje, da padnem sa nje…
(Од мојата тераса се гледа кулата Генекс, кога ќе ја погледнам, се плашам да не паднам од неа, да не паднам од неа…)
Но, која е кулата Генекс за која пее Ана, која по професија е архитект, и какво значење има овој објект?
Кулата Генекс или Западна порта е 35-катна кула во Нов Белград. Оваа кула е симбол на развојот на Белград и седиште на една од најуспешните фирми во поранешна Југославија.
Проектирана е од страна на архитектот Михајло Митровиќ во 1980 година во бруталистички стил. Западната порта се состои од две кули поврзани со мост на 26 кат и ресторан на врвот.
Вкупната висина на ова архитектонско здание изнесува 135 m и во ноември 2021 година, овој објект беше ставен во регистарот на културни добра на Србија.
Па, навистина не би било добро никој да падне од кулата Генекс… но, како што пее Констракта: „Зар јас да умрам? Каков ужас. А можеби баш и нема?“
Погледнете ја Генекс кулата:
https://www.instagram.com/p/CV8NrtXsS2F/
https://www.instagram.com/p/CTJ5s94s1lT/
https://www.instagram.com/p/CSJMaH8MRrn/
(О)Милена | Црнобело