Убедила маж да не скокне од мост, освоила 450 медали – Што прави најубавата натпреварувачка во Survivor 2010, Катарина Вучетиќ?

Беше прогласена за најубава натпреварувачка во Survivor 2010, но покрај нејзината неприкосновена убавина таа беше една од најподготвените натпреварувачи и го освои петтото место. Се сеќавате ли на прекрасната Катарина Вучетиќ - Кача?

Ubedila-nepoznat-mazh-da-ne-skokne-od-Brankoviot-most-osvoila-450-medali-shto-pravi-najubavata-natprevaruvachka-vo-Survivor-2010-prekrasnata-Katarina-Vuchetikj 01 630x330.jpg

Катарина Вучетиќ e родена во Крушевац на 10 април 1983 година, а израснала во Ниш.

Во Survivor (2010) ja покажа нејзината физички и психички јака страна, а нејзината неоспорна подготвеност не требаше да биде изненадување со оглед на тоа што Кача плива од 12-годишна возраст и успеа да освои дури 450 медали.

„Во секоја борба се трудев да дадам сè од себе, да го покажам својот максимум на секој начин. Силата е во менталниот склоп, секој од нас ја има и треба да работиме уште повеќе да ја изградиме, а Survivor беше одличен тест и тренинг за тоа“.

На 12 години Катарина се разделила од семејството за да тренира во Македонија, била одличен спортист и голем талент, но кога дошло време стопроцентно да се посвети на спортот и да почне да ја користи хемијата, таа решила да го напушти светот на спортот.

Таа зачекорила во светот на манекенството и модата на натпреварот за Мис Југославија во 2002 година.

Повеќепати изјавила дека за нејзината дисциплина и истрајност се заслужни методите на воспитувањето на нејзините родители, со оглед на тоа што е ќерка на воен полковник, а нејзината мајка е професор на Вишата педагошка школа.

Катарина Вучетиќ по професија е српска манекенка, дипломиран психолог и моден дизајнер.

Најпозната е по својот херојски подвиг кога убедила маж да не скокне од Бранковиот мост и да си го одземе својот живот.

По ова случување, долго време се зборуваше дали таа ќе стане член на специјалниот преговарачки тим на МВР на Србија за вакви случаи, но за жал ништо од тоа не се исполни.

Дека најубавите љубовни приказни често се раѓаат од големите пријателства, може да докаже и романтичната приказна на Катарина, која љубовта на својот живот ја препознала во школскиот другар од својата клупа, Дарко Манојловиќ.

Сепак, по седум години брак во 2019 година нивната љубовна „идила“ завршила.

Денес таа е во брак со Предраг Илиќ со кого има 1-годишно синче со име Вукман и вели дека безрезервно ужива во улогата на мајка.

Во моментот едно од најпопуларните ТВ-шоуа е српско-хрватскиот Survivor, па неретко на малите екрани можеме да ја видиме Катерина, споделувајќи го своето искуство како поранешен натпреварувач.

Во продолжение повеќе фотки од прекрасната Катарина:

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Сакав да видам како се одело порано на море“ – Пар од Србија со Фиќо старо 46 години патувал до Ант... Со чести паузи, без клима и со максимална брзина од 80 km на час, српски брачен ...
Алекса Перовиќ чека трето дете - Се разведе пред 2 години, не го открива идентитетот на новата љубов Скоро две години по разводот, на Божиќ, победникот на „Ѕвездите на Гранд“ откри ...
На 62 години го запозна мажот на својот живот, го загуби по 15 години - Тажната љубовна приказна на ... „Кога во 2009 Славко се вратил во Белград од САД, наши пријатели решиле да нè сп...
Лепа Лукиќ првпат се огласи по скандалот за наводната афера со Бака Прасе: „Сакав да ги тужам, но се... „Сѐ и сешто пројдов, само уште диви свињи ми фалат!“ – рече низ шега 84-годишнат...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Најдобриот другар го тужел за пари, ги крие девојките – Што знаеме за грчкиот пејач Никос Вертис? Во 2017-та година се најде среде скандал кога најдобриот другар од детството го ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg