Ретко појавување со неа на црвен тепих, проговори за гласините за брак – Која е новата девојка на Милош Биковиќ?
- Детали
- среда, 09 март 2022
Српскиот актер Милош Биковиќ во минатото често го поврзуваа со повеќе убавици од Србија, но и од Русија, а се чини дека убавата Црногорка конечно му го украде срцето - тие заедно прошетаа на црвен тепих во Белград, но што знаеме за неа?
Милош Биковиќ кој кај нас е најпознат по улогата на Петар Мараш во филмот „Јужни ветар“ обично својот приватен живот го крие подалеку од очите на јавноста и ретко говори за себеси.
Тој има успешна кариера на Балканот, а во Русија го сметаат за еден од најпознатите актери.
Српскиот заводник ретко имаме прилика да го видиме со девојка на црвениот тепих, па така беше во центарот на вниманието кога минатата есен одлучи да се појави со неговата избраничка Ивана Малиќ на премиерата на филмот „Јужни ветар 2“.
Сега, за време на затворањето на 50-иот Меѓународен филмски фестивал FEST Белград, Милош и Ивана повторно се појавија заедно на црвениот тепих и го украдоа вниманието на сите присутни.
Во продолжение неколку интересни факти за тоа која е Ивана, новата девојка која успеа да го украде срцето на српскиот заводник:
Ивана Малиќ (25) е од Црна Гора и по професија е правник, а од објавите на нејзиниот Инстаграм профил може да се види дека често сака да патува.
Според објавите во српските медиуми, Милош и Ивана ја започнале врската во август 2021-ва година или само 7 дена откако тој раскинал со Русинката Арина Волошина.
Тие на прво заедничко патување биле во Ровињ, каде престојувале во хотел со пет ѕвездички - едно ноќевање чини 700 евра.
Исто така, според пишувањата во медиумите Ивана го придружувала Милош во Москва, каде тој исто така има блескава филмска кариера.
Нивната врска често е застапена во српските медиуми, па дел од нив пишуваа дека парот наводно раскинал откако таа ја видела видеоснимката на која актерот има мошне интимен разговор со непозната девојка на премиера во Москва.
Дел од српските медиуми во изминатиот период почнаа со шпекулации дека наводно Биковиќ ќе се жени и дека се подготвува за свадба, на што реагираше и тој самиот, па изјави:
„Не го коментирам својот приватен живот, поточно, ретко говорам за него. Мене, кога медиумите се во прашање, веќе ништо не може да меизненади, но многу ми е забавно што во ист ден пишуваат за раскинување, неверство и свадба.
Не знам како да ја наречам таа потреба на медиумите да објавуваат вести и воопшто да не се оптоваруваат со вистината. Можам да кажам дека тоа засега не е вистина, што не значи дека нема да се случи во иднина, а исто така не значи и дека веќе не се случило“ – рече тој.
Нови гласини за разделба се појавија пред извесно време кога Милош отпатува во Москва, а Ивана на кратко го отследи од Инстаграм, а потоа повторно почна да го следи.
По големиот број пишувања во медиумите, Милош и Ивана се појавија заедно на црвениот тепих на 50-иот Меѓународен филмски фестивал FEST Белград и со тоа ги побија сите шпекулации за наводна разделба.
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





