Како изгледа денес Маја Марковиќ (43), пејачката на популарната српска група „Луна“ чии хитови ги обожававме (фото)
- Детали
- недела, 20 март 2022
Таа е една од најистакнатите вокали во денс и поп музиката, која беше популарна во 90-тите и раните 2000-ти. Си ја пеете ли уште Šećeru?
Сите танцувавме на песните на Маја Марковиќ, која е најпознатата пејачка на групата „Луна“. Маја денес изгледа подобро од кога било, а сè уште се занимава со музика.
Маја (43) беше личноста која ги одбележа првите години на 21 век на естрадата во Србија. Пејачката отпеа серија хитови за „Луна“, а сите беа вљубени во начинот на кој таа танцуваше, во нејзината убавина и глас.
https://www.youtube.com/watch?v=6L_Jits4nNs&ab_channel=GrupaLUNA
Откако ја напушти групата, таа се испроба во соло водите, но набргу се повлече од јавноста.
Маја ја најде љубовта на својот живот и се омажи за Синиша Сретковиќ Лудвиг со кој набрзо тргна на пат околу светот. Таа и нејзиниот сопруг со години настапувале на крстарења – тој како пијанист, додека таа пеела за гостите кои секогаш биле воодушевени од нејзиниот глас.
Тие, исто така, биле дел од основачкиот тим на продукциска компанија. На социјалните мрежи може да се види дека Маја денес изгледа одлично – нејзиниот стас и енергија се очигледни.
По Маја, во групата Луна се смениле неколку пејачки меѓу кои Кристина Чанковиќ, Зејна Муркиќ и Лидија Јаџиќ, па Ивана Круниќ, а денес Теодора Мијушковиќ.
Но, кој може да ја заборави прекрасната Маја и нејзините хитови? Дали ви буди носталгични спомени?
https://www.youtube.com/watch?v=goZ0F4Dulvg&ab_channel=GrupaLUNA
https://www.youtube.com/watch?v=b1SxVbx5qcQ&ab_channel=GrupaLUNA
https://www.youtube.com/watch?v=mna9ymt3pZc&list=PLiiHFp1YOMrmi_9bxw9vGN1LYlJUCMff3&index=2&ab_channel=GrupaLUNA
https://www.youtube.com/watch?v=DOb_vDB_s4g&list=PLiiHFp1YOMrmi_9bxw9vGN1LYlJUCMff3&index=4&ab_channel=GrupaLUNA
(О)Милена | Црнобело