Петар Грашо по вестите за свадба со 14 години помладата девојка: „Не сакам да ме знаат по случувањата во мојата спална соба“

Петар Грашо наскоро ќе стапи во брак со 14 години помладата девојка и ќе стане татко, а неговата поранешна партнерка Данијела Мартиновиќ тврди дека не го прифатила трагично раскинувањето по 24-годишната врска и дека веќе ја нашла својата сродна душа.

petar-grasho-po-vestite-za-svadba-so-14-godini-pomladata-devojka-ne-sakam-da-me-znaat-po-sluchuvanjata-vo-mojata-spalna-soba-01.jpg

Хрватскиот пејач Петар Грашо (45) во последните неколку месеци е топ тема во медиумите во регионот откако ја раскина 24-годишната врска со Данијела Мартиновиќ (50) и започна врска со ќерката на Тончи Хулиќ, 14 години помладата Хана (31).

Хана е бремена и парот веќе го очекува првото дете, а медиумите пишуваат дека тие двајцата ја закажале свадбата на 19-ти февруари годинава.

Петар беше гостин во емисијата Premijera Vikend Specijal и отворено говореше за случувањата од сопствениот живот, а неговите изјави ги пренесуваат српските медиуми.

„Се случи љубов. Љубовта треба да се случи, не треба да се планира и за љубовта не треба премногу да се говори. Тоа се некои работи што човекот треба да ги негува во себеси, а не да се расфрла со тоа.

Да, постои љубов. Да, се случува еден преубав период во животот што во тој миг ти значи најмногу и на којшто планираш да му се препуштиш и да пловиш“ – рече тој.

Грашо ги потврди информациите за нивната свадба и откри дека тој и Хана не сакаат премногу да се појавуваат во весниците и дека сè уште не можат да си веруваат зошто биле застапени на толку голем број насловни страни.

„Ќе станам татко. Благодарен сум за секој чекор што ни се случи. Малку ми е смешно што луѓето постојано ги вперуваат мобилните телефони кон нас, јас имам 25 години кариера, но очигледно на луѓето им недостасуваат малку повеќе убави приказни.

Но, и понатаму ќе се трудам да ја чувам сопствената приватност, затоа што сакам на луѓето да им бидат важни моите песни, а не мојата спална соба“ – вели тој.

Како реагираше Данијела Мартиновиќ по најновите информации за нејзиниот поранешен партнер погледнете на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Петар Грашо го откри полот на бебето што го очекува – Дали пак ќе му го даде името што го планирал с... Пред извесен период хрватскиот пејач Петар Грашо, откри дека неговата сопруга Ха...
Петар Грашо и Хана добија син, му го дадоа името што го планирал со Данијела Хрватскиот пејач Петар Грашо и неговата сопруга Хана Хуљиќ го добија второто дет...
Има 2 деца со различни жени, често ги изневерува девојките: Бурниот љубовен живот на Петар Стругар Зад себе има еден пропаднат брак и вели дека разводот не му паднал тешко. Вторио...
Помалку познати факти за Петар Грашо – има луксузен комплекс со апартмани, Оливер Драгојевиќ го оттр... Сигурно знаете које Петар Грашо, но дали знаевте дека во последен мимент одлучил...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
„Сакав да видам како се одело порано на море“ – Пар од Србија со Фиќо старо 46 години патувал до Ант... Со чести паузи, без клима и со максимална брзина од 80 km на час, српски брачен ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg