„Таа ми купува облека“ - Српската премиерка Ана Брнабиќ искрено за партнерката со која има 2-годишен син

„Милица е задолжена за дисциплината, а цртани филмови во нашиот дом се гледаат само навечер“ – српската премиерка Ана Брнабиќ откри повеќе детали за приватниот живот. Кој ѝ бил прва симпатија и каква била во младоста – прочитајте во продолжение.

premierkata-na-srbija-otvoreno-progovori-za-privatniot-zhivot-milica-e-postrog-roditel-od-mene-kako-tinejdjer-bev-mnogu-nemirna-01.jpg

Српската премиерка Ана Брнабиќ позната е дека ретко говори за сопствениот приватен живот во медиумите, но неодамна гостуваше во емисијата „Амиџи Шоу“ кај Огнен Амиџиќ каде откри повеќе детали за себеси.

Ана Брнабиќ (46) го привлекува вниманието како во регионалните, така и во светските медиуми затоа што таа е првата жена премиер на Србија, но и првиот премиер со хомосексуална определба во оваа земја, каде истополовите бракови сè уште не се прифатени.

Брнабиќ подолго време е во врска со нејзината партнерка Милица Ѓуриќ, а во 2019-та година го доби и синот Игор. За таа вест пишуваа како медиумите во регионот, така и странските медиуми.

premierkata-na-srbija-otvoreno-progovori-za-privatniot-zhivot-milica-e-postrog-roditel-od-mene-kako-tinejdjer-05.jpgфото: depositphotos.com

Со оглед на тоа што мошне ретко говори за сопствениот живот гостувањето кај Амиџиќ изненади многумина, затоа што во една неформална и опуштена атмосфера српската премиерка откри повеќе детали за сопствениот приватен живот, но и за тоа како со партнерката го воспитуваат синот Игор.

Таа откри дека малиот Игор сака класична музика и јавање, а со гордост раскажа една анегдота за него со која сакаше да покаже дека тој е мошне паметен за неговите години.

Како што рече, 2-годишниот син веќе ја поправа кога ја греши, па така, една вечер додека гледале цртани тој ја поправил дека инструментот што го виделе не бил труба, туку хорна.

Во продолжение неколку интересни факти за приватниот живот што таа ги изнесе во шоуто:

Во периодот додека била тинејџер, таа откри дека била мошне немирна и сакала да излегува и да ужива во ноќниот живот. Поради тоа што редовно правела забави, нејзините родители одлучиле да ја испратат во Англија.

„Тоа беше целосна промена за мене, некако се најдов во опкружување каде што не бев заштитена и тоа беше опстанок во секоја смисла, многу ми беше тешко. Секој ден мислев да се вратам, но од инает издржав“ – вели Ана.

premierkata-na-srbija-otvoreno-progovori-za-privatniot-zhivot-milica-e-postrog-roditel-od-mene-kako-tinejdjer-02.jpg

Ана откри и која ѝ била симпатија во младоста, па раскажа како во младоста додека и самата се занимавала со пливање била вљубена во унгарската пливачка Кристина Егерсеги.

premierkata-na-srbija-otvoreno-progovori-za-privatniot-zhivot-milica-e-postrog-roditel-od-mene-kako-tinejdjer-07.jpg

Претседателката на владата во Србија откри дека мошне ѝ е тешко тоа што не може да спие подолго време, односно оптимални седум часа дневно. Како што рече особено ѝ е тешко што мора да стане во 6 и 30 часот наутро.

premierkata-na-srbija-otvoreno-progovori-za-privatniot-zhivot-milica-e-postrog-roditel-od-mene-kako-tinejdjer-04.jpg

Во 2018-та година во српските медиуми веќе се шпекулираше дека партнерката на Ана, Милица Ѓуриќ зела породилно боледување на работното место на Клиничкиот центар за радиологија и магнетна резонанца, каде што работи.

На 20-ти февруари 2020-та година, сите медиуми во Регионот и во странство пишуваа дека Милица се породила и дека заедно со премиерката на Србија го добиле синот Игор.

Ана сподели повеќе факти и за семејниот живот, но и за воспитувањето на синот. Како што раскажа, во нивниот дом цртани се гледаат само навечер, но откри дека за дисциплината е задолжена нејзината партнерка Милица Ѓуриќ.

„И тоа е добро некој мора да води сметка за дисциплината“ – вели таа.

Единственото прашање на кое Ана немаше одговор е за тоа кој ѝ е омилен моден креатор.

„Мене Милица сè ми купува, јас за тоа ништо не знам“ – рече таа.

premierkata-na-srbija-otvoreno-progovori-za-privatniot-zhivot-milica-e-postrog-roditel-od-mene-kako-tinejdjer-06.jpg

Ана откри дека таа и Милица редовно одат во посета на хиподромот затоа што Игор обожава коњи.

Уште едно видео што доби вирален карактер е и она во кое премиерката откри дека има фобија од бубачки, а на нејзиниот ревер во истиот миг имаше бубачка. Дали се работи за монтажа, проценете сами.

Прочитајте и Детали за врската на српската премиерка Ана Брнабиќ и партнерката со која доби син (фото)

Погледнете дел од гостувањето на Брнабиќ:

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бившиот ја изневерил со Едита, денес е среќно мажена со две деца - Што прави Ана Бебиќ од „Операција... Ја поврзуваа речиси со сите учесници во „Операција Триумф“, па потоа 6 години бе...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Првата жена пилот во Turkish Airlines: „Мајка ми ми велеше дека ова не е женска професија“ „Бев многу мала кога ѝ кажав на мајка ми дека сакам да бидам пилот, а таа ми одг...
Огњен Амиџиќ објави прва фотка од новородениот син: „Има коса како прваче“ Сакал на синот да му даде име што ќе биде единствено, па затоа се одлучил за име...
Лепа Лукиќ првпат се огласи по скандалот за наводната афера со Бака Прасе: „Сакав да ги тужам, но се... „Сѐ и сешто пројдов, само уште диви свињи ми фалат!“ – рече низ шега 84-годишнат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg