Најава за брак со новата девојка, судски спор за 20 милиони евра: Скандалозниот однос на Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал

Емина Јаховиќ со синовите се всели во нов стан во Истанбул, а води судска битка со поранешниот сопруг за поделба на имотот вреден 20 милиони евра. Мустафа летово планира нов брак, а таа ги отфрла информациите за помирување со милијардерот Садетин.

emina-mustafa-1.jpg

Се разведоа, но три години трае судскиот спор во кој пејачката Емина Јаховиќ (40) и нејзиниот поранешен сопруг Мустафа Сандал (52) се обидуваат да го поделат имотот вреден 20 милиони евра.

Поранешните сопружници деновиве повторно пред судот во Истанбул ќе се обидат да најдат решение за поделбата на вилата на Босфор вредна 16 милиони евра и нивното музичко студио вредно 4 милиони евра.

Медиумите од регионот повикувајќи се на извори блиски до парот пишуваат дека Емина е гневна затоа што смета дека Мустафа се обидува да ја остави без ништо, иако биле во брак десет години.

„Проблемот е што Мустафа бара тие две недвижности да се продадат и поголемиот дел од парите да му припадне нему.

Емина заради тоа ангажираше неколку адвокати кои ќе се обидат пред судот да докажат дека станува збор за имот стекнат во бракот и истиот не може да се продаде без нејзина согласност“ – пишува Informer.rs.

Емина неодамна даде интервју за порталот vesti-online.com каде кажа дека таа и нејзините синови Јаман (13) и Јавуз (9) веќе се преселиле во новиот дом во Истанбул:

„Јас сум птица преселничка. Многу сакам да живеам на различни места. Куќата каде што живеев во минатото, додека бев во брак во моментов е издадена под наем, а јас потоа посакав да се преселам во куќа што има поглед на море и тоа го остварив. Најдов таква недвижност“ – вели Емина.

Таа накратко го прокоментира и односот со нејзиниот поранешен сопруг Мустафа, кого во минатото го обвини дека со години не плаќал алиментација за нивните два сина. Според зборовите на пејачката, тие двајцата во моментов само контактираат како родители на две деца.

„Се обидуваме да ги воспитаме и да ги одгледаме на најдобар можен начин нашите деца. Секој има свој живот и никој никому не му се меша. Постои судски спор што мора да се заврши, но тоа им го препуштивме на адвокатите и веќе не разговараме за тоа“ – вели таа.

Во изминатиот период турските медиуми пишуваа за наводното помирување помеѓу Емина Јаховиќ и турскиот милијардер Садетин Саран (57), а таа веднаш ги отфрли ваквите информации и рече дека во моментов нејзиниот емотивен статус е „статус кво“ и во целост е сконцентрирана на работата.

Од друга страна нејзиниот поранешен сопруг Мустафа Сандал е лудо вљубен во својата нова девојка Мелис Сутшуруп (32) која по повод неговиот 52-ри роденден минатата недела објави фотографии и кратка порака, која многумина ја протолкуваа како најава за можен брак.

„Можеби си половен автомобил, можеби девојките те чекале со своите мирази, можеби ти си бил виновен…

Но, тие сите нѐ подготвија за она што го имаме денес.

Секогаш сум со тебе за да можеш да се смееш, да бидеш спокоен.

Среќен роденден мое идно ПРЕЗИМЕ“.

https://www.instagram.com/tv/CYk2VSqhD96/?utm_source=ig_web_copy_link

Според турските медиуми Мустафа и Мелис ќе стапат во брак ова лето, но сè уште немаат точно одреден датум.

Новата девојка на Мустафа е посветена на уредување на куќата во која ќе живеат откако ќе стапат во брак.

Прочитајте и Емина Јаховиќ му се врати на милијардерот Садетин – дали причината е скандалот со Мустафа Сандал?

На следната страна погледнете повеќе фотографии од новата девојка на Мустафа...



Би можело да ве интересира:

Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Едниот син таа го пронајде мртов, другиот се предозира во Израел: Трагедиите во семејството на Марин... Во 2008 година, ненадејно почина помладиот син на Марина Туцаковиќ. Во 2021-ва т...
„Сакав да видам како се одело порано на море“ – Пар од Србија со Фиќо старо 46 години патувал до Ант... Со чести паузи, без клима и со максимална брзина од 80 km на час, српски брачен ...
Му наплати 600 евра на Кеба за да го разубави, заработи милиони од цртање веѓи – Кој е Адам Адактар? Сака уште 3 сина, но не сака жена му да ги роди, за да не ѝ се уништи телото. Од...
Гласини дека беше во врска со Жељко Јоксимовиќ, заради љубов заврши во затвор – Се сеќавате ли на Ро... Во врвот на славата имаше гласини дека е во врска со Жељко Јоксимовиќ, потоа исч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg