Фановите згрозени од снимките на кои Џибони гази по маса со храна на настап – сега се извинува по критиките
- Детали
- четврток, 23 декември 2021
Џибони реши да се извини за недоличното однесување за време на настап каде што се качи на масата и газеше врз храната откако видеото од настанот стана вирално.
Балканот се згрози од недоличното однесување на Џибони, откако на Инстаграм Стори беше објавено видео од негов настап на кое хрватскиот пејач се качува на маса и гази врз храната.
На видеото пејачот прво само стои на масата и пее, но набрзо потоа почнува да се движи и стапнува во чинии полни храна.
Потегот веднаш беше осуден од целата јавност. Дури и најголемите фанови на 53-годишниот пејач го обвинија за недолично однесување.
Откако видеото стана вирално, Џибони реши да се огласи со изјава за Vecernji list.
„Немам никакво оправдување, можам само да кажам дека ми е жал и дека им се извинувам на сите.
Јас често сум понесен од атмосферата, се случува некаков восхит. Често се симнувам помеѓу публиката, знам да се качам и на маса, но не да направам нешто вакво“.
Пејачот тврди дека мислел дека вечерата е завршена и никој нема да јаде.
„Прво се качив на столот, ми беше ниско, па се качив на масата. Одеднаш згазнав во две парчиња пршута, а потоа и во куглов. Тогаш не помислив на тоа, но денес кога ја гледам снимката навистина ми е жал.
Ја сфаќам ситуацијата. Па, јас прв би рекол ’Овој не е нормален‘ да стануваше збор за некој мој колега. Можам само уште еднаш да се извинам и да кажам дека ми е жал“, завршува неговата изјава.
Видео од настанот (видеото почнува на 1:45 минута):
https://www.youtube.com/watch?v=FRjhuFq_iDA
Спирова С. | Црнобело