Кога возењето е бајка – Новогодишно украсениот трамвај во Осијек е генијална и оригинална идеја (фото)
- Детали
- сабота, 18 декември 2021
Со богати украси, елки, џуџиња и свеќи како и импровизирано огниште, сите генерации, и млади и стари, уживаат во возењето во новогодишниот трамвај во Осијек.
Покрај сета оваа празнична магија, атмосферата е надополнета со соодветна музика која му дава дополнителна димензија на ова крстосување низ сообраќајот.
Божиќниот трамвај однадвор е украсен со илјадници светилки и насликан со божиќни мотиви, па невозможно е да не се забележи низ улиците.
Божиќниот трамвај е дел од проектот лансиран во градскиот сообраќаен превоз во 2011 година, со идеја да се превезат 3.500 деца во божиќниот трамвај во Осијек во текот на декември.
Бидејќи идејата добила поголеми размери од планираното поради големиот интерес, во текот на целата година се организираат тематски трамваи во знакот на карневалот, Велигден, забавен трамвај и уште многу други.
Кој не би сакал да се повози во оваа бајковита магија облечена во новогодишна облека? Ние секако би сакале едно возење:
(О)Милена | Црнобело