Заводливиот доктор од „Тома“ денес полни 37 години – сопругата му честиташе на романтичен начин
- Детали
- вторник, 07 декември 2021
„Еј мачоре, среќен роденден! Ти посакувам сите да те гледаат како јас на оваа фотографија. Биди среќен!“, филмската Силвана Арменулиќ му го честиташе роденден на сопругот, докторот од „Тома“ со романтична фотографија од нив.
Еден од најубавите парови во Србија ги живее своите најдобри денови периодов – постигнаа огромна слава со улогите во филмот „Тома“, неодамна го прославија 5-тиот роденден на ќерката, а денес повод за славење им е роденденот на Петар Бенчина.
Тамара Драгичевиќ (32), родена во Белград, на совршен начин ни го доближи ликот и делото на легендарната пејачка Силвана Арменулиќ во филмот „Тома“.
Таа од 2016 година е во брак со актерот Петар Бенчина, кој во филмот „Тома“ го глумеше ликот на докторот на фамозниот Тома Здравковиќ.
Денес (07.12) Петар го слави својот 37-ми роденден, а Тамара по тој повод му посвети емотивна објава:
„Еј мачоре, среќен роденден! Ти посакувам сите да те гледаат како јас на оваа фотографија. Биди среќен!“
Деновиве парот го прослави 5-тиот роденден на нивната ќерка Сташа. Парот го има и синот Лазар.
Повеќе фотки од нив:
https://www.instagram.com/p/CUsxKjLNVQL/
https://www.instagram.com/p/CS6_rxNtQ8F/
https://www.instagram.com/p/CC39bXwnine/
https://www.instagram.com/p/CBDdvF7nJLF/
https://www.instagram.com/p/CCvo9phHa_d/
https://www.instagram.com/p/CC6AKv2HmoV/
https://www.instagram.com/p/CSCOSfUNSY-/
С. С. | Црнобело