Докторот и Силвана Арменулиќ од „Тома“ се пар од реалноста - совршени на патувањето во САД (фото)
- Детали
- четврток, 11 ноември 2021
Тие се еден од најубавите српски парови и моментално престојуваат во САД по повод промоцијата на филмот „Тома“ – се прошетаа во совршени модни изданија.
На филмското платно во филмот „Тома“ двајцата ја воодушевија Србија и регионот, па и светот, а сега воодушевуваат и со фотографиите од реалноста на кои изгледаат како филмски пар на патувањето во САД, организирано по повод промоција на филмот „Тома“.
Тамара Драгичевиќ и Петар Бенчина дефинитивно се еден од најубавите српски парови.
Тамара Драгичевиќ (32), родена во Белград, на совршен начин ни го доближи ликот и делото на легендарната пејачка Силвана Арменулиќ во филмот „Тома“.
Таа од 2016 година е во брак со актерот Петар Бенчина (36), кој во филмот „Тома“ го глумеше ликот на докторот на фамозниот Тома Здравковиќ.
Двајцата не откриваат многу детали од приватноста, а јавноста не ни знае кога точно почнале да се состануваат. Со Петар важат за еден од омилените српски парови, а по филмот „Тома“ се во фокусот на медиумите.
Велат дека двајцата имаат густ распоред и затоа недела по правило им е резервиран за семејството. Имаат 2 деца и тоа 5-годишната Сташа и 2-годишниот Лазар.
Фотки од нивното патување во САД:
https://www.instagram.com/p/CWCIMwCLIXc/
https://www.instagram.com/p/CWHLgkKrPH9/
С. С. | Црнобело