Фото на денот: „Се возевме со Фиќо старо 37 години до Јахорина по снег – какво беше искуството?“

Колку време помина откако последен пат сте патувале со Фиќо? Млади Срби отпатуваа до планината Јахорина во Босна и Херцеговина со овој ретро автомобил и напишаа: „Доцниме само 37 години на Олимпијада“.

foto-na-denot-se-vozevme-so-fikjo-staro-37-godini-do-jahorina-po-sneg-kakvo-beshe-iskustvoto-01.jpg

Фотките од млади инстаграмџии кои се возат во ретро Фиќо по снежен пат со синџири на гумите, ќе ве направат носталгични по едни дамнешни времиња.

Српската инфлуенсерка Јована Квржиќ објави неколку фотки и видео како се вози во овој ретро автомобил со Александра Сотировиќ и Никола Раџеновиќ, а во опис го раскажа искуството.

View this post on Instagram

A post shared by Jovana Kvržić (@jovana_kvrzic)

„Ме прашувате какви се патиштата до и на Јахорина. Ако едно Фиќо од ’84-та можеше од Нови Сад да стигне, со ниту еден автомобил нема да имате проблем.

Како цело четиричлено семејство можело да се напика во овој автомобил со багаж, никогаш не ми беше јасно, додека денес ние тројца со речиси 2 метра висина, влеговме без мака. Куферите и скиите на кров и тоа е тоа“ - раскажува Јована.

 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 

A post shared by Jovana Kvržić (@jovana_kvrzic)

foto-na-denot-se-vozevme-so-fikjo-staro-37-godini-do-jahorina-po-sneg-kakvo-beshe-iskustvoto-03.jpgфото: Инстаграм - Јована Квржиќ

foto-na-denot-se-vozevme-so-fikjo-staro-37-godini-do-jahorina-po-sneg-kakvo-beshe-iskustvoto-05.jpgфото: Инстаграм - Јована Квржиќ

Инаку, автомобилот припаѓа на Никола од Нови Сад, кој според нејзините пишувања, го добил за 18-ти роденден, во оригинална боја, со прва фарба.

Му биле потребни 6 години да го донесе до состојба да може да минува поголеми релации без да се плаши дека ќе го остави среде пат.

foto-na-denot-se-vozevme-so-fikjo-staro-37-godini-do-jahorina-po-sneg-kakvo-beshe-iskustvoto-02.jpgфото: Инстаграм - Јована Квржиќ

foto-na-denot-se-vozevme-so-fikjo-staro-37-godini-do-jahorina-po-sneg-kakvo-beshe-iskustvoto-07.jpgфото: Инстаграм - Александра Сотировиќ

Ова Фиќо го слави својот 37-ми роденден, бидејќи првпат е регистриран на 6-ти декември, 1984-та година, а точниот модел е Zastava 750 lux elegant.

Никола исто така објави фотка со Фиќото на Јахорина и на шега напиша: „Задоцнив на Олимпијадата само 37 години“.

foto-na-denot-se-vozevme-so-fikjo-staro-37-godini-do-jahorina-po-sneg-kakvo-beshe-iskustvoto-10.jpgфото: Инстаграм

foto-na-denot-se-vozevme-so-fikjo-staro-37-godini-do-jahorina-po-sneg-kakvo-beshe-iskustvoto-09.jpgфото: Инстаграм

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сама ги воспита, ги учела да не бидат мамини мази – Лидија Вукичевиќ е горда на синовите Кога станува збор за нејзините синови, не пропушта прилика а да не каже дека тие...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
„Сакав да видам како се одело порано на море“ – Пар од Србија со Фиќо старо 46 години патувал до Ант... Со чести паузи, без клима и со максимална брзина од 80 km на час, српски брачен ...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Гласини дека е во врска со Марија Шерифовиќ откако беа заедно на одмор – Која е Јована Пајиќ? „Да бевме заедно на летување. За тоа зборуваме и прикажуваме само толку колку шт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg