Андрија Милошевиќ: „Како дете чував овци, а мајка ми е мојот херој – 6 месеци собираше пари за да ми купи дуксер“

„Кога мајката ќе си замине, таа празнина никогаш не може да се закрпи. Жал ми е што не поминував повеќе време со мајка ми. Таа е мојот херој!“ – вели српскиот актер и открива дека детството го поминал во сиромаштија.

andrija-miloshevikj-kako-dete-chuvav-ovci-a-majka-mi-e-mojot-heroj-shest-meseci-sobirashe-pari-za-da-mi-kupi-dukser-01.jpg

Црногорскиот актер Андрија Милошевиќ (43) гостуваше во емисијата Sceniranje каде откри повеќе помалку познати детали за сопствениот живот.

Тој говореше за своето детство во Никшиќ, заминувањето во Подгорица, а потоа и во Белград каде живее и до ден денес.

Актерот што редовно ги засмева сопствените обожаватели со духовитите досетки и вицови на Инстаграм отворено проговори за сопствените скромни почетоци.

Андрија открива дека детството го поминал во планините, кај баба му, каде заедно со другарите чувале овци и крави и каде на возраст од 13 години научил како да јава коњ без седло.

andrija-miloshevikj-kako-dete-chuvav-ovci-a-majka-mi-e-mojot-heroj-shest-meseci-sobirashe-pari-za-da-mi-kupi-dukser-02.jpgФото: Facebook

Андрија како и поголемиот дел млади луѓе што растеле и живееле во 90-тите години во детството и во младоста, имал можност да искуси што значи да се живее во голема сиромаштија.

„Мајка ми шест месеци собираше 30 марки за да ми купи дуксер. Но, не беше тоа толку трагично. Не копнеев премногу за материјалните нешта. Туку, едноставно, ќе ти се допадне нешто, но немаш услови за тоа. Во тој период имаше инфлација и војна, но успеавме, продолживме понатаму“ – вели тој.

andrija-miloshevikj-kako-dete-chuvav-ovci-a-majka-mi-e-mojot-heroj-shest-meseci-sobirashe-pari-za-da-mi-kupi-dukser-03.jpgФото: Youtube

Тој откри дека на возраст од само 16 години веќе се борел да придонесе и да обезбеди подобар живот за себеси и за сопственото семејство.

„Прва година од средното образование завршив во Подгорица, а на почетокот на втора година се запишав на факултет. Додека студирав, факултативно го завршив и средното образование.

Почнав да работам на 16 години. Имам 25 години работен стаж. Од почетокот имав желба да придонесувам, да работам и да се осамостојам“ – вели тој и додава дека додека го завршувал образованието се случувало да работи и како доставувач на весници и други работи за да си обезбеди егзистенција.

Меѓу другото, Андрија говореше и за односот со неговите родители, но и за мајка му Вера Милошевиќ која почина на 64-годишна возраст во 2019-тата година. За мајка му вели дека е хероината на неговиот живот.

„Таа беше хероина на многумина во нашето семејство и кои ја познаваа. Мајките се посебни ѕвезди на небото. Мајките треба да се чуваат и да внимаваме на нив, затоа што кога ќе си заминат, таа празнина никогаш не може да се закрпи“ – вели тој.

Според него, без разлика на тоа колку години имаат, кога ќе ја загубат мајката луѓето стануваат сираци.

„Никогаш не бев премногу врзан за родителите, затоа што рано си заминав од дома. Но секогаш ја имав ‘врската’ да бидам тука кога треба.

Ми беше жал што не поминував повеќе време со мајка ми. Работев. Секогаш отпосле се размислува за тоа колку повеќе време си можел да поминеш со некого“ – вели тој.

Неодамна, Андрија и неговата девојка Александра Томиќ (33) споделија дека по 9 години врска го очекуваат првото дете.

Прочитајте и Андрија Милошевиќ на 43 години првпат ќе стане татко, 9 години е во врска и не планира брак – љубовта на актерот низ фотки

Актерот, за овој дел од сопствениот живот повторно нагласи дека не сака да коментира премногу, а дека кога би сакал да ги опфати сите детали, тие би биле прераскажани во неговата автобиографија.

„Тоа за мене се интимни работи. Не коментирам многу.

Во ова време во кое денес живееме каде голем број од нештата во последно време се исполнети со трагедии, кога човек ќе се оствари на личен план и ќе доживее таква среќа, тоа му дава мотив да продолжи понатаму“ – вели тој.

За него нема да претставува никаков проблем менувањето пелени. Како што вели, тоа е најнормална работа.

Видеото со целото гостување погледнете го во продолжение:

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Мајка ѝ не сакала да ѝ помогне, Цеца ѝ го плати лекувањето – Тажната приказна на Исидора Бјелица „Како да не ве боли кога мајка ви оди на одмор додека сте на хемотерапија, или а...
„Ми се скрши нокт на склекови“ - Хит видео на Хрват за младите момци на кои им воведоа воен рок „Нѐ натераа сами да си ги местиме креветите, немав време за мојот ритуал за убав...
Милош Биковиќ доби син: „Дури откако ќе станеш родител почнуваш да растеш“ „Ние прво мислиме дека треба да пораснеме за да добиеме дете, но тука има една с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg