Северина со трогателна исповед за таткото на нејзиниот син: „Не жали што го напуштив, туку што ме загуби како трофеј“

„Откако се омажив за Игор, таткото на мојот син има покренато над 60 обвиненија, против мене и против сите луѓе околу мене и кои ми значат нешто во животот“ – вели Северина во трогателната исповед за повеќегодишната борба за старателство над синот.

severina-so-trogatelna-ispoved-za-tatkoto-na-nejziniot-sin-ne-zhali-shto-go-napushtiv-tuku-shto-me-zagubi-kako-trofej-01.jpg

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ (49) отворено проговори за нејзиниот однос со поранешното момче Милан Поповиќ (55), со кого повеќе години води судска битка за старателството над синот Александар (8).

Во долго интервју за порталот H-Alter Северина говори за нејзиниот однос со Милан, за тоа кога за првпат забележала дека нешто не е во ред и како понатаму се одвивале работите.

Како што вели, уште на самиот почеток таа увидела дека Милан во голема мера се разликувал од сите луѓе што ги познавала.

„Набрзо увидов дека знаењето му е мошне оскудно, дека многу работи не ги знае или не сака да ги каже, а она што го говори се темели на предрасуди и празноверие.

Најтешко ми падна што сфатив дека тој избегнува близина и дека е опкружен со ѕидови што не можев да ги прескокнам. Згрешив што не се збогував порано од него“ – вели таа.

Понатаму додава дека по четири месеци дознала дека е бремена и тоа истовремено ја израдувало, но и ја загржило, затоа што сфатила, дека тие двајца припаѓаат на два различни светови.

Но, сепак, се надевала дека ќе успее да го промени и дека сè што се случува е последица на начинот на кој тој пораснал.

„Поради моите години, лекарите одлучија да се породам со царски рез, а тој се закануваше дека ќе ги тужи затоа што неговите деца мора да се раѓаат само по природен пат“ – вели таа.

Првата расправија настанала уште во 2012-тата година непосредно по породувањето, кога, како што раскажува Северина, Милан барал новинарите да платат најмалку 50.000 евра за да го фотографираат бебето.

„Заради тоа ноќе се искрадов од болницата и се сместивме во станот што тогаш привремено го делевме“ – вели таа и додава дека целиот стан бил излепен со плута и украсен со црни камења за да ги заштити од подземните води, според тврдењата на Поповиќ.

„Се појави со доктор по кинеска медицина. Во согласност со нејзиното мислење, ми нареди 40 дена да бидам со детето дома и ми го забрани секое излегување. По ова повторно исчезна“ – вели таа.

По 40 дена тој дошол и ги однел во Белград каде нештата дополнително се влошиле. Како што вели била жртва на злоставување, но упорно имала надеж дека ќе успее да го промени.

Кога Александар имал само два месеца, таа неможејќи да го издржи таквиот начин на живот, одлучува да си замине во Загреб.

По ова, таа раскажува дека Милан не сакал да присуствува ниту на крштевањето на неговиот син, а до периодот кога детето наполнило 9 месеци, тоа го имало видено татко му само неколкупати.

Сепак, Милан таквото однесување, на суд го оправдал со тоа што велел дека на детето до 1 година воопшто не му е потребно присуството на таткото.

Во 2013-тата година кога Северина и Александар отишле да го посетат Милан во Кипар заедно со нејзината мајка, дефинитивно почнале проблемите.

Појаснува дека таа морала да се врати во Дубровник поради работен ангажман и го оставила Александар таму со него и со мајка ѝ, а Милан по три дена дошол во Дубровник и почнал да ѝ се заканува дека ќе ѝ го земе детето.

Набрзо по ова дознала дека тој незаконски на малиот Александар му извадил српски пасош, а истата година започнала и целата контрола врз неа како мајка.

Во 2014-тата била донесена одлуката детето да биде со Милан секој втор викенд.

„Тоа ми беше најлошиот период во животот, од мај до октомври 2014-тата година. Детето ми беше мало. Додека беше со него не ми даваше да го слушнам на телефон, пред секој настап ми праќаше пораки што почнуваат со фразата ‘Загрижена мајко’.

Слични иронични, саркастични и навредливи пораки добивам сите овие години, барав од службите да ми овозможат да го слушнам детето додека е со него. Тие на тоа не реагираат“ – вели таа.

По ова следела друга пресуда, по што Милан имал право да го гледа детето секој втор викенд и еден ден во неделата кога не е негов викенд.

Дополнително било одлучено, доколку Северина е отсутна во период од 48 часа, детето мора прво да му го понуди нему на чување, а потоа на кој било друг од роднините.

По ова таа раскажува за приказната како Милан преку соработка со разни службеници и лекари ќе успее да го добие целосното старателство врз синот Александар во период од 20 месеци. 

На прашањето што мисли зошто Милан ѝ го прави сето тоа Северина кажува:

„Имам свои искуства со него и знам што сè е подготвен да направи за да дојде до целта. Особено откако остварив брачен однос со друг партнер. Не затоа што не можеше да го поднесе тоа што си заминав од него, туку не можеше да поднесе да ме загуби како трофеј.

Првите пет месеци во 2015-тата година воопшто не доаѓаше да го види детето. Се појави кога прочита во весниците дека Игор Којиќ ми е момче.

Долго време ја криев врската затоа што знаев дека така ќе биде, но, ете за среќа го запознав идниот сопруг, да не беше така, Милан не би ни дошол да го види детето.

Милан во петте години додека бев во брак со Игор, секогаш мојот сопруг го нарекуваше ‘третата личност’.

Откако се омажив за Игор постојано покренува обвиненија. Денес мислам дека има над 60 обвиненија, против мене, Игор, татко му на Игор, мојата внука, моите пријателки, блиските соработници и адвокати, против сите луѓе околу мене и кои ми значат нешто во животот“ – вели таа.

Инаку, по 20 месечна борба Северина на почетокот на месец септември 2021 објави дека конечно добила половично старателство над синот, откако претходно и официјално судски се разведе од Игор.

Милан Поповиќ е познат и како „кралот на бакарот“, неговото богатство се проценува на над 73 милиони долари. Со Северина се запознале во 2010-тата година на прославата на неговиот роденден во Белград.

Прочитајте и Северина доби старателство над синот - каде ќе живеат, колку дена ќе биде со неа, а колку со Милан Поповиќ

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка ѝ на Северина само еднаш се огласи за Милан Поповиќ: „Користи КГБ методи кон ќерка ми – ме бол... „Од каде му е правото 10 години непристојно да го валка името на мојата ќерка, м...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
„Вештаците треба да утврдат дали користи дроги“ - Зошто Милан Поповиќ ѝ го одзеде синот на Северина? „Северина не го остави само еднаш детето без надзор, па да ѝ се прогледа низ прс...
„Ми се скрши нокт на склекови“ - Хит видео на Хрват за младите момци на кои им воведоа воен рок „Нѐ натераа сами да си ги местиме креветите, немав време за мојот ритуал за убав...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg