Андрија Милошевиќ (43) со 10 години помладата девојка на егзотичен одмор на Аруба (фото)

Андрија Милошевиќ и Александра Томиќ ова лето беа на одмор на островот Аруба, а оттаму објавија повеќе заеднички фотографии и видеа.

andrija-miloshevikj-so-10-godini-pomladata-devojka-na-plazha-vodime-brz-zhivot-nemame-vreme-za-kavgi-01.jpg

Андрија Милошевиќ и Александра Томиќ важат за еден од најхаризматичните актерски парови, а нивните следбеници на Инстаграм имаат можност постојано да ги следат нивните досетки и лудории преку видеата и фотографиите што ги објавуваат.

andrija-miloshevikj-so-10-godini-pomladata-devojka-na-plazha-vodime-brz-zhivot-nemame-vreme-za-kavgi-02.jpg

Тие ретко говорат во јавност за нивната врска. Во една пригода Андрија откри дека сака еден ден да има деца и да биде татко, а што се однесува до тоа дали некогаш ќе стапат во брак, Андрија и Александра веќе изјавиле дека не веруваат во институцијата брак.

Прочитајте и Не веруваат во брак, 10 години е помлада: Девојката на шармантниот актер Андрија Милошевиќ (фото)

Без разлика на сè Андрија (43) и неговата 10 години помлада девојка веќе цели 9 години уживаат во врската, а веќе подолго време живеат заедно. Ова лето Андрија и Александра беа на одмор на Аруба, остров во јужниот дел на Карипското Море во близина на венецуелскиот брег, каде престојуваа во вила со спектакуларен поглед на море.

andrija-miloshevikj-so-10-godini-pomladata-devojka-na-plazha-vodime-brz-zhivot-nemame-vreme-za-kavgi-03.jpg

Оттаму објавија повеќе фотографии и видеа, со што ни ги доближија убавините на овој остров.

По Аруба тие деновиве беа и во Грција, од каде Андрија повторно објави кратко видео, во кое кажува краток виц, а Александра незаинтересирано го следи:

Иако, ретко говорат за својата врска, тие не кријат дека се среќни што се пронашле еден со друг, па така во една пригода Андрија изјави:

„Како и сите луѓе, мораме да правиме компромиси. Водиме доста брз живот и немаме време многу да се караме и да се расправаме. Туку како и сите парови се вклопуваме во зададените ситуации што животот ни ги наметнува. Се случува да не се видиме по два дена, но затоа во останатите пет гледаме да поминеме по неколку часа заедно. Ние не си ги отежнуваме нештата еден на друг, туку си го живееме животот онака како што сакаме. Нам ни недостига заедничко време, но на крај сè се вклопува. Имаме време да одвоиме и за пријателите и за нас“...

Судејќи според фотографиите што тие ги објавуваат на социјалните мрежи, очигледно ова лето најдоа малку повеќе време еден за друг.

Погледнете повеќе фотографии во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Татко ѝ ја напуштил на 3 години, се омажила на 19, наскоро ќе стане прабаба: Тешкиот живот на Кока о... Дипломирала два месеца по породувањето, на 45 години останала вдовица и веќе ник...
Животот на Вељко Ражнaтовиќ и Богдана - имаат 3 сина, гламурот на Белград го заменија со живот на се... „Пресвртен момент за мене да се преселам на село беше моментот кога сфатив дека ...
Врска со Милена Радуловиќ, докторка му роди ќерка – Бурниот љубовен живот на актерот Радован Вујовиќ За Радован Вујовиќ велат дека е голем заводник кој беше во врска со три познати ...
Алекса Перовиќ чека трето дете - Се разведе пред 2 години, не го открива идентитетот на новата љубов Скоро две години по разводот, на Божиќ, победникот на „Ѕвездите на Гранд“ откри ...
Се прежени 40 дена по разводот и стана татко - Милош Тимотијевиќ на плажа со синот „Ништо не славев. Породувањето беше мошне напорно“ – изјави Милош Тимотијевиќ не...
Најзгодната заболекарка во Србија: Му беше кума на Новак Ѓоковиќ, учествуваше во реално шоу во САД Таа и нејзиниот поранешен сопруг му беа кумови на свадбата на Новак Ѓоковиќ, а п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg