Србин преку Фејсбук ја бара својата прва љубов од Грција

Србин преку оглас на Фејсбук ја бара симпатијата од Грција што за последен пат ја видел во август 1984-та година.

Srbin-preku-Facebook-ja-bara-svojata-prva-ljubov-od-Grcija-01.jpg

Момчило Милутиновиќ на Фејсбук страната Live from Greece објави стара фотографија од него и од неговата симпатија од Грција по која трага и која би сакал да ја види повторно.

Како што вели, фотографијата била направена додека го испраќала кога си заминувал во Југославија во август 1984-тата година во парк во Ставрос.  

„Ме бакна во образ и ми стави сребрено ланче на вратот што имаше приврзок со знакот Водолија...
Ми кажаа по многу години некои од нашите заеднички пријатели
Дека долго шетала во паркот и плачела.
Седнала на клупата до морето... и не можела да плаче повеќе, па гледала во мирното море“ – вели тој.

Srbin-preku-Facebook-ja-bara-svojata-prva-ljubov-od-Grcija-02.jpg

Момчило додава дека девојката се викала Димитракула, пријателите ја викале Димитра, а тој ја викал Кула. Таа имала куќа во Ставрос и во Солун и побара доколку некој ја види или ја препознае, да го информираат.

Во претходна објава на неговиот личен профил на Фејсбук, Момчило повторно ја објавил истата фотографија до која објавил своја песна: „Прв пат научив Те сакам (Sagapo)“ – стои во првиот стих на песната.

Досега неговата објава имаше бројни коментари. Голем број од корисниците на групата велат дека ќе се обидат да му помогнат да ја најде девојката, односно жената што му била прва љубов. Повеќето велат дека целосно го разбираат и дека првата љубов не се заборава.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојката со крилја емотивна откако заврши во гипс: „Трагедија се случи во нашиот град Нови Сад, заг... „Пред неколку дена, голема трагедија се случи во нашиот град (Нови Сад). Фасадат...
Најдобриот другар го тужел за пари, ги крие девојките – Што знаеме за грчкиот пејач Никос Вертис? Во 2017-та година се најде среде скандал кога најдобриот другар од детството го ...
Србинка си дојде на „мекиците“ за своето новороденче и стана мета на критики (видео) На само 5 дена по породувањето, сопругата на српскиот голман Предраг Рајковиќ се...
Вирално видео на Србинка: „Јас сум заменик директорка и сум патлиџан турист – со себе носам макарони... „Многу од вас мислат дека ви требаат многу пари за одмор, дека мора да можете да...
Опасни животни што живеат во плитките води во грчките мориња – на што треба да внимавате? Освен што треба да се пазите од виолетови медузи и дракони, треба да внимавате и...
Чистел тоалети, спиел на паркинг, не го познавал турскиот јазик – Како Керем Бурсин стана еден од на... Татко му не сакал да му дозволи да студира глума, затоа што стравувал дека ќе гл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg