Млади, убави и успешни – најжешкиот хрватски пар Франка Бателиќ и Ведран Ќорлука го живеат животот од соништата (фото)
- Детали
- понеделник, 02 август 2021
Тие се еден од најубавите парови на хрватската сцена. Популарната пејачка, 29-годишната Франка Бателиќ и поранешниот хрватски репрезентативец Ведран Ќорлука кој во моментов игра за рускиот, односно московскиот Локомотив дефинитивно живеат живот од бајките.
Парот неодамна се пресели во луксузна вила од околу 1500 m2 која чини неверојатни 15 милиони куни, односно околу 2 милиони евра, чија изградба траела околу 3 години.
Иако за многумина 2020 година беше ужасна, за Франка и Лука се покажа како прилично среќна со оглед на тоа што на 5 јануари се роди нивниот син Виктор.
Франка и Лука се запознале пред околу 9 години и долго време одржувале врска на далечина на релација Хрватска-Русија. Се венчаа во 2018 година на Истра, прославувајќи ја својата љубов со луксузна церемонија.
Покрај раѓањето на првото дете, пејачката во февруари се закити и со наградата за најслушан женски вокал во Хрватска од страна на Top.hr Music Awards.