Српска инфлуенсерка: „Пласирам живот што не е реален, за мојот роденден лажев дека сум среќна“

Српската инфлуенсерка Теодора Поповиќ на ТикТок ја следат повеќе 227.000 луѓе. Таа објавува видеа и голем дел од нејзините следбеници сметаат дека тие го отсликуваат нејзиниот совршен живот. 

Srpska-influenserka-na-TikTok-cela-nokj-plachev-zaradi-komentar-na-Instagram-plasiram-zivot-shto-ne-e-realen-01.jpg

Теодора во видеото што го објави вели дека иако нејзините видеа можеби ве наведуваат да помислите така, но дека нејзиниот живот е далеку од совршен.

Како што вели, се обидела видеото да го направи порано, но била мошне погодена откако претходно добила коментар од девојка што ја следи подолго време и ѝ рекла дека се чувствува несигурно кога ги гледа нејзините фотографии. Дека девојката станува несигурна кога ќе види колку е таа убава и колку нејзиниот живот е совршен.

„Ми кажа колку ѝ е тешко затоа што ги споредува мојот и нејзиниот живот, затоа што смета дека јас имам совршен живот и дека се чувствува несигурна поради тоа. Ние инфлуенсерите ви пласираме нешто нереално. Се почувствував лошо.

За мојот роденден објавував фотографии дека сум среќна и весела. Роденденот го поминав речиси сосема сама затоа што немав кого да поканам. И мене ме отфрлаат во друштво. Сега неколку инфлуенсери одбиваат да се запознаат со мене затоа што „не сум доволно позната“ и сум нерелевантна.

И јас сум излажана, и мене ме игнорирале некои момчиња и мене ми се случуваат сите нормални работи. Сега имам посебен филтер затоа што имам проблем со акни. Пласирам живот што не е реален. Верувајте ми, вашите идоли, воопшто немаат таков живот како што сметате дека имаат. Сите имаме исти проблеми“ – порача таа.

Во продолжение погледнете го нејзиното искрено видео на ТикТок:

@wolfdoraa

ig/t.popovska ? ##foryou ##fyp ##viral ##trend ##talikusa

♬ Get You The Moon - Timmies

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ведрана Рудан објави дека боледува од рак: „Животот е убав и кога смртта ќе ти тропне на врата“ „Денес престанувам да пишувам на блогот, затоа што ќе се посветам на лекувањето ...
Јелена Карлеуша со емотивно сеќавање за Тоше: „Никогаш не сум плачела толку многу како дента кога за... „Тоше беше неуморен. И пееше како некоја виша сила да го тера да пее цело време,...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Гласини дека беше во врска со Жељко Јоксимовиќ, заради љубов заврши во затвор – Се сеќавате ли на Ро... Во врвот на славата имаше гласини дека е во врска со Жељко Јоксимовиќ, потоа исч...
Огњен Амиџиќ објави прва фотка од новородениот син: „Има коса како прваче“ Сакал на синот да му даде име што ќе биде единствено, па затоа се одлучил за име...
„Ми се скрши нокт на склекови“ - Хит видео на Хрват за младите момци на кои им воведоа воен рок „Нѐ натераа сами да си ги местиме креветите, немав време за мојот ритуал за убав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg