Факти за турскиот пејач Таркан - има 14 години помлада сопруга, го нарекуваат Принцот од Босфорот
- Детали
- недела, 16 мај 2021
Светски познатиот турски пејач Таркан кај нас е познат по неколку песни меѓу кои и Şıkıdım, а светската слава ја стекна со песната Dudu. Во минатото постоеја бројни шпеклуации за него, а денес тој е среќно оженет со 14 години помлада жена од него и е посветен татко.
Во продолжение следуваат повеќе детали за тоа како се запознале и други факти што не сте ги знаеле за Таркан:
Таркан е поборник за правата на децата
Периодов тој е актуелен во турските медиуми со своите изјави дадени по повод 101 година од Националната независност и Денот на Детето во Турција – 23-ти Април. Овој ден во Турција се слави како национален празник.
„Нашите деца заслужуваат да живеат во среќен свет каде се опкружени со љубов и се чувствуваат безбедно. Ние треба да им оставиме свет во кој што ќе може да живеат. Тоа што го говорам може да звучи утописки, но сѐ е возможно ако веруваме, напиша тој на социјалните мрежи“, пренесуваат турските медиуми.
Во минатото го поврзуваа со повеќе познати личности
Пред да стапи во брак со Пинар, во периодот од 90-тите години и на почетокот на 2000-тите постоеја голем број шпекулации за наводните врски на пејачот. Го поврзуваа со француски модел, потоа со турска новинарка итн.
Со оглед на тоа што Таркан не зборува премногу за својот приватен живот, постоеја низа шпекулации за него, како за неговите романтични врски, па така и за сексуалната ориентација.
Сопругата на Таркан е 14 години помлада од него
Сопругата на Таркан е Пинар Теветоглу. Таа е родена во 1986-тата година во Дуизбург, Германија. Инаку родителите на Пинар се со турско потекло, мајката е од Елазиг, а таткото од Шанлируфа. Тие стапиле во брак во 2016-тата година по петгодишна претходна врска.
Се запознале на концерт во Германија
Пинар и Таркан се запознале по еден концерт на пејачот во Германија во 2011-тата година. Како што пишуваат дел од медиумите, Пинар уште како дете била воодушевена од неговата музика.
Инаку тие брзо станале пријатели, а потоа започнале и романтична врска.
Заедно имаат една ќерка
Тие се венчаа на приватна церемонија на 29-ти април 2016-тата година, а по 2 години брак, на 12-ти јули 2018-тата година двојката ја доби ќеркичката Лија.
Пинар сака да ја сочува приватноста
Пинар Теветоглу повеќепати изјавила дека сака да ја сочува приватноста и не сака да биде во центарот на вниманието. Како и да е, тоа по сè изгледа ќе ѝ оди тешко, ако се земе предвид славата на нејзиниот сопруг.
Таркан имаше операција во 2019-тата година
Таркан повеќе години се борел со пореметувања на сонот, но исто така имал и проблеми со гласот поради јазли на тироидната жлезда. Тој бил успешно опериран во 2019-тата година.
Таркан освен што е мошне популарен музичар, тој исто така се вклучува во повеќе општествени проекти. Во турските медиуми него го нарекуваат „Мега-Ѕвезда“, „Принцот на Поп музиката“ или „Принцот од Босфорот.“
Во продолжение повеќе фотографии од познатиот турски пејач:
Б. С. Б. | Црнобело