Сцeна од зграда во Белград стана хит на Твитер - станар си суши чаршафи во влез (фото)
- Детали
- среда, 21 април 2021
Која е најчудната ситуација која сте ја виделе во вашиот влез досега? Човек од Белград е вчудовиден од глетката што го дочекала во влезот на зградата.
Во Белград веќе извесен период важи законот за забрането сушење облека на видливи места, особено во центарот на градот, па така тешко ќе видите жици со облека на терасите од граѓаните, барем оние кои живеат во згради веднаш на улица.
Но, деновиве на Твитер осамна ситуација од една зграда, каде се гледа дека некој од станарите одлучил да си ги суши чаршафите во влезот од зградата, на гелендерот.
Споделени се со описот: „Оди си во родното село, сушење на постелнина во Белград“.
На објавата има низа осудувачки коментари од кои дел се: „Не е до селото, до културата е.“, „Јас ова во животот го немам видено“...
Иако никој не ја оправдува постапката и повеќето твитерџии се согласни дека во зграда не може секој што сака да прави, многумина во коментари го обвинуваат и твитерџијата, укажувајќи му на тоа дека културата не зависи од тоа дали некој доаѓа од село или од град.
Дали кај нас сте виделе некоја чудна ситуација од овој тип?
Pozeska...vapaj za rodnim selom..susenje gaca i prekrivaca u Beogradu pic.twitter.com/0FrEw83nRn
— Gradjanin5 (@Gradjanin5) April 18, 2021
С. С. | Црнобело