Сопругата на Тарик Филиповиќ во петтата деценија изгледа како 20-годишна девојка (фото)

Тарик Филиповиќ е босанско-хрватски актер и ТВ презентер. По неговиот деби-настап во 1985 година на театарската сцена, Тарик глумел во над 800 претстави досега. На нашата јавност ѝ е најпознат како водител на хрватската верзија квизот „Кој сака да биде милионер“, а го водеше и квизот „Потера“.

Soprugata-na-Tarik-Filipovic-01.jpg

49-годишниот актер роден во Зеница (БиХ) секогаш плени со својот шарм и неверојатна харизма, а неговата сопруга не заостанува многу зад него. Тој се оженил со Лејла Филиповиќ во 2007 година.

Лејла (тогаш Шеховиќ) пак ќе остане запаметена по еден немил скандал што ѝ се случил откако ја избрале за Мис на Хрватска во 1998 година.

5 дена подоцна гласањето било прогласено за нерегуларно, со што ѝ ја одзеле круната. Таа воедно се нашла и во центарот на вниманието откако дознала дека сопругот од првиот брак ја изневерува, по што се развела.

Интересно е што Лејла и Тарик се виделе само 3 пати пред да ја започнат љубовната врска, но очигледно тоа не било пресудно за квалитетот и долготрајноста на љубовта.

Тој изјавил дека никогаш не сонувал дека ќе се вљуби во жена која веќе има дете, но не му било битно дали Лејла има едно или пет деца, таа секако е љубовта на неговиот живот.

Нејзиниот син од првиот брак, Дино, го подготвил за доаѓањето на нивното прво заедничко дете со Лејла, Арман.

45-годишната несудена мисица во својата петта деценија изгледа одлично.

Погледнете ја прекрасната сопруга на Тарик Филиповиќ:

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сама ги воспита, ги учела да не бидат мамини мази – Лидија Вукичевиќ е горда на синовите Кога станува збор за нејзините синови, не пропушта прилика а да не каже дека тие...
Каде се денес актерите од „Кога лисјата паѓаат“? Таткото Али Риза, мајката Хајрие, петте деца, ќерките Фикрет, Лејла, Неџла и Ајш...
Милош Биковиќ доби син: „Дури откако ќе станеш родител почнуваш да растеш“ „Ние прво мислиме дека треба да пораснеме за да добиеме дете, но тука има една с...
Татко му се самоубил – Тажната приказна за актерот кој го толкува Орхан во серијата „Грешници“ Вели дека најголемата грешка му била што не ја прифатил улогата на Полат Алемдер...
Чистел тоалети, спиел на паркинг, не го познавал турскиот јазик – Како Керем Бурсин стана еден од на... Татко му не сакал да му дозволи да студира глума, затоа што стравувал дека ќе гл...
Што знаеме за првата сопруга на Огњен Амиџиќ – Таа го запросила, ретко се појавувал со неа во јавнос... „Првиот пат стапив во брак затоа што мислев дека така треба, а не затоа што бев ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg