Марија Шерифовиќ по виралната корејска изведба на „Молитва“: „Можам да поминам како 5-ти член на групата од Јужна Кореја“

Марија Шерифовиќ периодов објавува фотки од плажите во Калифорнија, но оттаму се огласи по изведбата на „Молитва“ од група момци од Јужна Кореја и искрено кажа дека ова е најдобрата верзија на „Молитва“ што ја слушнала досега.

marija-sherifovikj-po-viralnata-korejska-izvedba-na-molitva-mozham-da-pominam-kako-5-ti-chlen-na-grupata-od-juzhna-koreja-01.jpg

Марија Шерифовиќ периодов е во Калифорнија, а изведбата на нејзината легендарна песна „Молитва“, со која победи на Евровизија, од страна на група момци од Јужна Кореја ѝ дојде како дополнителна доза на позитивна енергија.

Таа на Инстаграм изреагира за виралното видео кое стана хит, а и се пошегува на своја сметка:

„Па, ако зборуваме искрено, можам да поминам како 5-ти член на групата од Јужна Кореја. Инаку, сите снимки Инстаграм ми ги блокираше, па ја користам оваа пригода да кажам дека она нешто беше НЕВЕРОЈАТНО. WOW! Благодарна сум и благословена“, напиша Марија на во описот на фотките од Калифорнија.

Таа и на Инстаграм Стори напиша:

„Драги колеги, ви честитам од дното на срцето. Ова е најдобрата верзија од Молитва што сум ја слушнала. Ви посакувам сѐ најдобро во вашите идни кариери и во натпреварот.“

marija-sherifovikj-po-viralnata-korejska-izvedba-na-molitva-mozham-da-pominam-kako-5-ti-chlen-na-grupata-od-juzhna-koreja-02.jpg

Фотки од Марија во Калифорнија:

На виралното видео потсетете се ТУКА!

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марија Шерифовиќ објави песна посветена на синот Марио: „Ја пишував додека сонував за него“ Само неколку дена откако стана мајка, Марија Шерифовиќ ја објави првата песна шт...
Марија Шерифовиќ сподели нови фотки од синот Марио – На 9 месеци застанал на нозе, ја носи кошулата ... „Умирам за него, не можам да живеам без него“ – призна мајката на Марија Шерифов...
Први фотки од синчето на Марија Шерифовиќ – го држи во прегратка и го шета на плажа Во костим за капење и маица, Марија Шерифовиќ го прегрнува и нишка своето синче ...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Марија Шерифовиќ покажа како изгледал патот со синот од САД до дома: „Најстресното искуство во мојот... „Засега сѐ оди лесно, но мора да кажам дека ова ми е најстресниот ден во животот...
Татко ѝ е милионер, студирала глума – Која е Марија Балабан, девојката на Раста? „Има милиони, но сепак е скромна. Долго чекав да запознаам жена која е сосема по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg