Корејци ја „згрмеа“ на сцена српската „Молитва“ – Марија Шерифовиќ воодушевена од нивната изведба (видео)
„Колеги, ви честитам, ова е најдобрата верзија на Молитва, заедно ќе снимиме нова верзија“ – напиша Марија откако популарна корејска група на српски јазик ја испеа нејзината песна.
Популарна група од Јужна Кореја, буквално ја „згрме“ на сцена евровизиската песна на Марија Шерифовиќ, во оригинална, српска верзија, без ниту една грешка.
Phantom Singer е музичко шоу кое се емитува секој петок во Јужна Кореја, а последниот настап на популарната група Edel Reinklang го воодушеви и Балканот.
Тие настапија со победничката, евровизиска песна на Марија Шерифовиќ, Молитва, која ја отпеаја во својот стил, во класична верзија.
Корејците буквално „грмеа“ на сцената додека ја изведуваа на српски Молитва и ја воодушевија публиката, но и Балканот, откако видеото од настапот се прошири во регионот.
Марија Шерифовиќ, воодушевена од нивната изведба, им честита на своите колеги и најави заедничка верзија кога ситуацијата ќе се смири:
„Малку е да кажам дека сум воодушевена од тоа како ја изведоа песната на чист српски јазик. Тие се големи ѕвезди во Јужна Кореја и синоќа се допишувавме и епилогот од сето тоа е заедничка соработка. Кога ситуацијата во светот малку ќе се стабилизира, ќе снимими заедно нова верзија на Молитва“ - пренесуваат српските медиуми.
М. М. | Црнобело