Еден од најубавите парови во Србија објави невидени фотки од синчето по преселбата во Франкфурт
- Детали
- среда, 10 февруари 2021
Софија Милошевиќ, позната како Софи Мило, го покажа синчето со очи исти како нејзините, но и гардероберот во новиот луксузен дом во Франкфурт.
Српскиот фудбалер Лука Јовиќ со својата избраничка, моделот и инфлуенсерка Софија Милошевиќ, важат за еден од најубавите парови во Србија.
Поради неговите ангажмани околу фудбалот тие се преселија да живеат во Франкфурт, Германија, а Софија ја објави веста за преселбата со фотки од гардароберот во нејзиниот нов дом.
„Нова земја, ново соседство, ново сѐ... Охх и нов гардеробер со нови работи“, напиша Софија во описот на фотката.
Пред тоа живееа во Шпанија, кадешто Софија се породи во приватна клиника, за која наводно платиле 25.000 евра, според пишувањата на српските медиуми.
Во септември тие станаа родители на малиот Алексеј. И иако најчесто Софија го крие лицето на нејзиниот наследник на фотките, деновиве тие објавија фотографии од нивните интимни мигови, на кои се гледа дека синчето ги наследило прекрасните очи на мајка си.
Таа се пошегува дека таа сака да го чува Алексеј само за себе, но Лука сака да се пофали и да го покаже пред светот.
Инаку, ова е прво дете на Софија, а фудбалерот има уште еден син.
Првото синче на Лука:
Фотки од еден од најубавите парови во Србија:
https://www.instagram.com/p/CKjlhfql8BQ/
Прочитајте и Србинката Софи Мило „руши предрасуди“ - го дои синчето во јавност и го шета на дожд
С. С. | Црнобело