Николина Пишек со емотивна објава по труењето со плин: „Нашиот втор роденден, затоа што сум уште жива“

„Ќе заспиете и ќе бидете несвесни за она што следи. Последен пат во својот живот, ако немате лудачка среќа каква што имавме ние“ - Николина Пишек напиша емотивна објава на Инстаграм и објави фотографии од болница, по труењето со плин.

nikolina-pishek-so-emotivna-objava-po-truenjeto-so-plin-nashiot-vtor-rodenden-zatoa-shto-sum-ushte-zhiva-01.jpg

Хрватската водителка Николина Пишек викендов искуси животно-загрозувачка ситуација, кога заедно со ќеркичката беа пронајдени во несвесна состојба во нивниот дом во Загреб, заради труење со јаглерод моноксид.

Повеќе за случката прочитајте ТУКА

Неколку дена по закрепнувањето, Николина објави емотивен текст на Инстаграм со фотографии од болница. 

Во објавата таа упати моќна порака:

07.02. Нашиот втор роденден.

Затоа што сум уште жива. Како и моето девојче. И ќеркичката на пријателите која тоа попладне на 06.02 беше кај нас да си игра.

Само поради интуицијата на мојот маж, преживеавме труење со јаглерод моноксид.

Уна беше полесно отруена од мене заради разликата во висина, од истата причина се живи и моите кучиња, бидејќи живеат и дишат на 30cm висина. А јаглерод моноксидот е полесен од воздухот и прво го полни горниот дел од домот.

Зависно од кубикажата на просторот и брзината со која тече, со тоа темпо ќе ве убие. Тивко. Без алармирачки знаци дека вашите витални ткива токму во тој момент изумираат. А тој процес почнува да се случува, во моментот кога тивкиот убиец ќе почне да влегува во вашите бели дробови, да се врзува во крвта за хемоглобинот и се дистрибуира по виталните органи. Смрт.

Една по една умираат мозочните ткива, срцето, на кое тивко му се заканува инфаркт, црниот дроб и бубрезите.

А вие, во тој момент чувствувате главоболка, вртоглавица, срцето ќе ви чука, ќе имате мачнина. Нема да има иритација на слузница, нема шмркање, кашлање, гушење, осип.

Ништо што би можело да упатува дека се наоѓате на пат кон вечниот мир.

Нема да бидете бледи, не. Ниту синкасти, ниту виолетови. Ништо од тоа.

Ќе го проколнувате стресот на работа, ручекот кој сте го изеле, времето, кое како на секој деклариран метеопат, и вас не ви дозволува да живеете.

Можеби и вие како и јас ќе се напиете апче за смирување, бидејќи главоболката и биењето на срцето ќе ви поминат ако се наспиете. И ќе легнете.

Последен пат во својот живот, ако немате лудачка среќа каква што имавме ние.

Ќе заспиете и ќе бидете несвесни за она што следи.

Светлата на итната помош, полицијата, интервентните единици од градската плинара, пожарникари, плачот и очајот на вашите најблиски, сирените, жолтите и сини ротациони одблесоци на фасадата како сведоци на трагедија.

Вас веќе ве нема.

Крај.

М. М. | Црнобело / фото: Инстаграм

Би можело да ве интересира:

Татко ѝ ја напуштил на 3 години, се омажила на 19, наскоро ќе стане прабаба: Тешкиот живот на Кока о... Дипломирала два месеца по породувањето, на 45 години останала вдовица и веќе ник...
Јелена Карлеуша со емотивно сеќавање за Тоше: „Никогаш не сум плачела толку многу како дента кога за... „Тоше беше неуморен. И пееше како некоја виша сила да го тера да пее цело време,...
Лепа Брена остава без здив во бикини на Тајланд со сопругот - згодна како млада девојка и на 64 годи... Додека закрепнува од повредата на ногата, Брена ужива на Тајланд, од каде повтор...
Сопруга на српски пејач со емотивна исповед: „Се породив во 25-та недела, велеа бебето нема да ми пр... „Моето бебе буквално немаше шанси да преживее, а преживеа. Единственото нешто шт...
Се родил без знаци на живот, мислеле дека ќе има трајни последици – Како изгледа денес постариот бра... Познато е дека српскиот музичар Михајло Веруовиќ Војаж ретко споделува детали од...
Му наплати 600 евра на Кеба за да го разубави, заработи милиони од цртање веѓи – Кој е Адам Адактар? Сака уште 3 сина, но не сака жена му да ги роди, за да не ѝ се уништи телото. Од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg