Дедото од Хрватска не сопира: „Не се венчајте, кога ќе влезете во брак - сте веќе полумртви“
- Детали
- петок, 25 јануари 2019
82-годишниот пензионер кој стана вирален хит со неговата изјава, виталност и енергија, сега има нова улога.
Таљат Селмани, познат како Тони, стана популарен во Хрватска по неговите совети за живот во видео снимката која достигна 500.000 прегледи.
Инаку, тој по националност е Албанец, а роден е во Вруток, Македонија и денес живее во Загреб, Хрватска.
Во младоста се занимавал со манекенство, а по видеото со кое се прослави, изгледа повторно ја добива истата улога и на 82 години, па има и нова фотосесија.
„Порано бев манекен, рекламирав облека, гел за коса, па дури и шампон за коса, а некогаш и храна за мачки и кучиња.“
Тој отсекогаш имал добар стил и по него се вртеле и жени и мажи, а денес повторно е во центар на вниманието со неговиот изглед и енергичност.
„Морате да вежбате, ако забележите дека ве напаѓа дебелината, веднаш почнете да вежбате. Можете да јадете што ви се јаде, слатко, солено, луто, но потоа веднаш одете на пешачење.“.
Покрај советите за здрав живот и виталност, Тони сподели и неколку совети кои го одржале до „златни години“:
„Никогаш немојте да се венчате, кога ќе влезете во брак, веќе сте полумртви. А, уште кога ќе дојдат децата, тогаш веќе немате живот.“ – се пошегува тој и додава дека денес мажите се премногу нежни, па затоа има голем број разведени луѓе.