Србинка со пластични операции и Инстаграм филтри сака да изгледа како кукла (фото)
- Детали
- недела, 20 април 2025
Од операција за подигање на надворешните агли на очите за да добие „мачји очи“ до зголемување на градите, Ана Корач на себе има направено низа корекции. Таа е меѓу Србинките со најмногу естетски зафати на себе.
Ана Корач (30) од Србија е ријалити ѕвезда, со речиси половина милион следбеници на Инстаграм.
Во 2023 година Ана стана мајка. Taa со партнерот доби син, на кој му го даде името Матео.
Ана често споделува фотографии и моменти од својот семеен живот на социјалните мрежи.
Но, Ана го крие лицето на партнерот на фотографиите со емотикони.
Таа е во сериозна врска долги години со овој маж, но постојано го чува во тајност неговиот идентитет.
Ана отворено зборува за своите естетски интервенции.
Често споделува фотографии и информации за процедурите што ги има извршено, истакнувајќи дека е задоволна со резултатите и дека се чувствува посамоуверено.
Дел од оперативните зафати и корекции што ги направила се: зголемување на градите, корекција на носот, постапка за добивање мачји очи (cat eye lift), односно операција за подигање на надворешните агли на очите, филери и ботокс, корекција на вилицата и образите (односно интервенции за нагласување на линијата на вилицата и полнење на образите) итн.
Инаку, Ана ја направила првата операција на градите на 20-годишна возраст и оттогаш извршила неколку корекции за постигнување на посакуваниот изглед.
Повеќе фотографии од неа на следната страница...
Би можело да ве интересира:





